Проданоски: „Македонски пошти“ во Прилеп добија четири нови возила за побрзи и поквалитетни услуги

June 19, 2026
1 min read

Во Прилеп денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа јавна институција.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека новите возила ќе овозможат побрза и поефикасна достава на пратките, подобра организација на работните процеси и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите.

Тој посочи дека заедно со генералниот директор на АД „Македонски пошти“ и директорката на прилепската подружница ја нагласиле важноста од континуирани инвестиции во поштенскиот систем, со цел подобрување на јавниот сервис.

Според Проданоски, на државно ниво се обезбедени вкупно 100 нови транспортни возила, кои ќе придонесат за унапредување на поштенските услуги и создавање поефикасен и помодерен систем на работа.

„Македонски пошти“ претставуваат институција од особено значење за граѓаните и стопанството, а секоја инвестиција во нивниот развој и модернизација значи подобри и подостапни услуги за корисниците низ целата држава, нагласи градоначалникот.

Тој упати благодарност до Владата и Министерството за транспорт за поддршката и инвестицијата во модернизацијата на АД „Македонски пошти“, додавајќи дека локалната самоуправа го поздравува секое вложување што придонесува за поефикасни јавни услуги, подобри услови за работа и поквалитетен сервис за граѓаните.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Започна асфалтирањето на уличната мрежа во Карамани

Следно

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop