Ребалансот на буџетот пред финална фаза

June 19, 2026
1 min read

До крајот на оваа недела ќе биде усвоен ребалансот на буџетот, вели премиерот Христијан Мицкоски, па следната недела ќе го пуштат документнот на усвојување во законодавниот дом.

Христијан Мицкоски премиер

„Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот.“

Ставот на владата е дека ребалансот ќе биде изработен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата. Како што претходно наведоа, меѓу клучните цели остануваат одржувањето на стабилни јавни финансии, фискалната консолидација, инфраструктурниот развој, енергетската транзиција и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

А дека планирањето и трошењето на државните пари не одат баш како што е предвидено, покажува и истражувањето на Институтот за економски анализи Finance Think. Усвоената фискална стратегија според експертите има големи недостатоци особено во делот на буџетскиот дефицит, кој пак најчесто е причина за ребаланс во тековната буџетска година. Од Finance Think за Телевизија 24 посочија дека проблематично е тоа што трет пат по ред властите го одложуваат правилото за буџети, дефицитот да не надмионува 3% од БДП. Секое одложување според експертите значи повеќе камати, помал фискален простор и поголема изложеност на ризик при нови шокови. Кога исклучокот станува правило, тоа го губи кредибилитетот.

Речиси и да нема година во која нема прекројување на државната каса. Од октомври до декември се подгорвуваа приходната и расходната страна, односно како ќе се полни и како ќе се трошат парите на граѓаните, но потоа кога работите не одат како што е планирано властите решаваат да ги прераспределат парите за најприоритетните проекти кои им се во моментот. Кои институции ќе останат без најавените проекти а кои ќе добијат екстра средства ќе се знае од следната недела.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Две години реформи и инвестиции во енергетиката и рударството

Следно

Коњановски: ТАВ Македонија застанува зад иднината на ФК Пелистер

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop