Николоски најави старт на стратешкиот автопат кон Косово: Ќе се градат тунели, мостови и галерии

June 13, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски најави почеток на изградбата на новиот автопат Скопје – Блаце, проект кој се смета за една од најважните патни инвестиции за поврзување на Македонија со Косово и регионот.

На работна средба со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Фатих Туркменоглу, се разговарало за реализацијата на проектот и за следните чекори во изградбата на современата автопатска делница.

Според Николоски, изведувач на автопатот ќе биде конзорциум предводен од македонската градежна компанија „Гранит“, што претставува значаен момент за домашната градежна индустрија.

„После подолг временски период, една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат“, истакна Николоски.

Автопатот Скопје – Блаце е дел од стратешкиот патен коридор кој ја поврзува Македонија со Косово и понатаму со Црна Гора. Со неговата изградба се очекува значително подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрз проток на луѓе и стоки меѓу државите.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека новата делница ќе придонесе за подобра регионална поврзаност, развој на трговската размена и привлекување нови инвестиции, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата позиција како важна транзитна точка на Балканот.

Проектот предвидува изградба на комплексна инфраструктура со вкупно 40 објекти на терен. Во рамки на трасата ќе бидат изградени пет тунели, две галерии и 12 мостови, како и повеќе помали инфраструктурни содржини неопходни за безбедно и современо одвивање на сообраќајот. Станува збор за еден од најсложените патни проекти во земјава, кој треба да обезбеди модерна и брза патна врска меѓу Скопје и граничниот премин Блаце.

Николоски оцени дека реализацијата на проектот ќе донесе долгорочни придобивки за економијата, транспортот и регионалната интеграција, а воедно ќе отвори можности за нови инвестиции и развој на стопанството.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Николоски: Домашна компанија ќе го гради автопатот Скопје – Блаце

Следно

Аларм на Балтикот: Руски авиони забележани во близина на Шведска

Latest from Blog

Европратениците ќе гласаат за извештајот на Вајц

Европскиот парламент дебатира за извештајот за напредокот на Македонија. На вчерашната пленарна сесија во Стразбур известувачот за Македонија, Вајц, предупреди дека регионот на Западен Балкан бил и продолжува да биде „поле за

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија носи побрзо движење и помалку гужви

„Одлуката за ставање во функција на системот „One Stop Shop“ на границата со Република Албанија претставува важен чекор кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните на двете земји. ВЛЕН

Општина Битола организира втор граѓански форум за плоштадот „Гоце Делчев

Општина Битола ќе го организира вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој ќе бидат презентирани предлог-идеите за идниот изглед и уредување на овој значаен јавен простор. Форумот

Меси го испрати рекордот на Кристијано во историја, па заплака: Поминувам низ тешки денови!

Фото: ФИФА Х Лионел Меси постигна хет-трик за прв пат во историјата на Светските првенства една недела пред неговиот 39-ти роденден. Во првиот натпревар на Аргентина на Светските првенства, Меси ги постигна
Go toTop