Уставните измени не смее да станат јаболко на раздорот во натпреварот за популарност во анкетите, порача Бербок

March 23, 2023
2 mins read

Таа изрази оптимизам дека до декември ќе се успее во договореното алудирајќи на уставните измени и порача дека промената на Уставот не е нешто што се прави лесно, а партиите и од власта и од опозицијата ги охрабри да го направат овој потребен чекор

Договорената промена на Уставот не смее да стане политичко јаболко на раздорот во натпреварот за популарност во анкетите или натпреварот во тоа која партија на крајот на изборите би можела да има некаква предност.

Ваква порака испрати германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на заедничка прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи во Скопје, каде што таа се наоѓа во официјална посета во моментов.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Сега кога станува збор за спроведување на договореното и кога навистина мора да се промени Уставот, тогаш можам само да ве охрабрам, не само како претставник на Владата, туку до сите демократски партии и учесници им се обраќам: искористете ги сите расположливи средства за процесот да може да продолжи во следните месеци. Да не се случи да не успеете во овој клучен момент“,

рече Бербок.

Таа изрази оптимизам дека до декември ќе се успее во договореното и ќе направи чекор понатаму во преговорите со ЕУ.

„Како Македонци и Македонки вие повторно докажавте дека не може да се запре пречка на патот кон ЕУ и затоа сум оптимист дека заедно, ние како ЕУ и вие како земја, до декември ќе успееме да го исчекориме овој пат затоа што покажавте што можете да дадете. Прашањето за името пред многу години се чинеше непремостливо, но како што кажав, не се менува толку лесно името. Договорот од Преспа со Грција и мачните дебати кои му претходеа на овој договор покажаа што можете да направите ако се преземе политичка одговорност“,

порача германската министерка.

Бербок изрази почит и признание за посветеноста на Северна Македонија за членството во ЕУ и рече дека знае какви сè компромиси и отстапки направила земјата. Уставот, рече, не е нешто што се менува постојано и за ова прашање не треба да се водат црно-бели дебати.

„Тоа се важни чекори и затоа можам и да разберам дека се дебатира за ова прашање, особено кога станува збор за сопствениот идентитет, историја, јазик и култура. Тогаш, во општеството и во политиката станува сериозно, затоа е важно за вакви прашања да не се водат црно-бели дебати“,

рече Бербок.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот Османи во обраќањето на заедничката прес-конференција посочи дека Германија е еден од најсилните партнери на европската интеграција на регионот и оцени дека зацртаната цел за интеграција во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но остварлива за сите од Западен Балкан.

А за да продолжи Северна Македонија, потребни се уставните измени кои, како што рече, се нешто што е обврска и мора да се испочитува.

„Северна Македонија има преземено обврски коишто мора да ги испорача, а преговорите со ЕУ за членство мора да продолжат. Овој пат тоа зависи само од нас. Во Унијата не се интегрира Владата, туку целата држава, заедно со опозицијата и секој од нас треба да ја понесе обврската за овој процес и тука сметаме на поддршката на нашите европски пријатели“,

истакна Османи.

Бербок, покрај со Османи, ќе има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски, пратеници во Собранието, како и со претставници на опозицијата, меѓу кои се очекува и средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џон Болтон не сака да чуе за МКС ни по цена на апсење на Путин

Следно

Премиерот на Албанија, Рама, во посета на Велика Британија

Latest from Blog

Мицкоски: Нашата визија е јасна- сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Денес зборуваме за една важна тема која со годините многу малку била предмет на една темелна- студиозна анализа, ниту пак била предмет на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките

„Знам дека ме има, според нападите со кои работат да ме снема“: Шест години без македонскиот горостас Горан Стефановски

„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ (Диво Месо) „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде

„6-та мајка“ на бугарскиот Парламент да избере претседател

Пратениците во бугарскиот Парламент денеска ќе направат шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела за нов избор. Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но

Повеќе од 40.000 луѓе го напуштија главниот град на Хаити во изминатите 10 дена поради насилство на бандите

Повеќе од 40.000 луѓе го напуштија главниот град на Хаити, Порт о Пренс во изминатите 10 дена поради ново избивање на насилство од вооружени банди, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Канцеларијата

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за финансирање и буџет. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа
Go toTop