Неидентификувани беспилотни летала нападнаа шлепери што во Сирија влегле преку Ирак

March 23, 2023
1 min read

ДЕИР ЕЗ-ЗОР / ТЕЛ АБЈАД (АА) – Врз три шлепери, што преку Ирак влегоа во градот Елбукемал, во сириската област Деир ез-Зор, каде се присутни терористичките групи поддржани од Иран, изведени се напади од страна на неидентификувани беспилотни летала, известува Анадолу.

Според информациите до кои дојде дописникот на АА од извори на теренот, три шлепери синоќа преку Ирак влегле во Елбукемал.

Откако пристигнале до воената точка наречена „Имам Али“, што се користи како седиште на терористичките групи поддржани од Иран во јужниот дел на Деир ез-Зор, шлеперите биле цел на напад од страна на неидентификувани беспилотни летала.

Нема информации дали има загинати или повредени во нападот врз шлеперите.

На 30 јануари оваа година, 4 лица загинаа во нападите од страна на неидентификувани беспилотни летала врз возила на странските терористички групи поддржани од Иран во близина на градот Елбукемал.

– Иранските и странските терористички групи поддржани од Иран, интензивно се присутни во Деир ез-Зор

Познато е дека иранските и странските терористички групи поддржани од Иран во голема мерка се присутни во подрачјето на Елбукемал, Мухсан и ал-Мајадин, во источните делови на областа Деир ез-Зор.

По повлекувањето на терористичката организација ДЕАШ во ноември 2017 година, централниот и западниот дел на областа Деир ез-Зор паднаа во рацете на режимот на Асад благодарение на Русија и терористичките групи поддржани од Иран.

Странските терористички групи поддржани од Иран, кои станаа копнена сила на режимот, најмногу се присутни во областа Деир ез-Зор.

Иранските, ирачките, либанските, авганистанските и пакистанските групи со седиште во Деир ез-Зор, каде живеат Арапите сунити, се командувани од припадниците на Армијата на иранската револуционерна гарда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја започна кампањата „Солидарност на векот“ по земјотресите

Следно

Доделени признанија и благодарници на повеќекратни крводарители во Ѓорче Петров

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop