Што ако светот е премногу уморен од војна и реши да го прифати кинескиот предлог?

March 23, 2023
1 min read

Предлогот на Кина кој повикуваше на прекин на огнот американските функционери го отфрлија по основа дека тоа ќе биде подарок за Москва која на тој начин ќе ги забетонира сите територијални придобивки што ги имала од инвазијата.

„Приватно пак, состаноците и предлозите предизвикаа чувство на непријатност во рамки на администрацијата, кои доведоа до прашања околу поширокиот пристап на САД кон двете држави.

Според еден претставник на администрацијата, САД е загрижен дека ќе биде дотеран во ќош околу кинескиот предлог. Без разлика на американската резервираност, директното отфрлање на предлогот ќе и дозволи на Кина да тврди пред други држави уморни од војната (и економската штета) дека Вашингтон не е заинтересиран за мир,“ пишува Иаин Марлов во текстот за Блумберг.

Процената на Блумберг е дека администрацијата на Бајден се обидувала да ја држи Кина на страна уште од почетокот на војната, но се случило токму спротивното, па и покрај тоа што Ши и Путин стануваат се поблиски, продолжува да расте бројот на држави кои се подготвени да ја слушнат и подржат Кина во наметнувањето на нејзиниот мировен план.

За време на целата војна Кина упорно се наметнува како сила незаинтересирана за плановите и одлуките на Западот, па таа ги игнорира американските санкции против нејзините компании што соработуваат со Русија, упорно купува нафта од Иран и помага во смирување на тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран. Во корист на Кина е и тоа што едни од најголемите светски економии Индија и Бразил одбиваат да се наклонат на страна на Западот, без разлика што притоа не ја заземаат и кинеската страна.

„Администрацијата на Бајден се обиде да ја натера Кина да ја конфронтира украинската криза по американски услови, меѓутоа Ши сега работи по свои услови.

И тоа мислам дека предизвикува одреден страв во администрацијата,“ изјавува за Блумберг, претседателот на Чајна стретеџис груп, Кристофер Џонсон.

Другата страна на ваквата состојба е дека како што Вашингтон зазема се поостар став кон Кина, така Кина почнува целосно да се откажува од надежта за подобрување на односите со САД во скоро време.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва се отвора изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот Центар „АРТ ХАБ“

Следно

Само 169 Бугари во Македонија се пријавиле за гласање на бугарските избори, во Охрид ниту еден

Latest from Blog

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните
Go toTop