Сиљановска: Безбедноста е на највисоко ниво, нема основ за шпионажа

May 22, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Таа вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено.

-Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма.

Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат „државна тајна“. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа? Значи, не постои основ. Затоа и се чудам кога ќе видам разузнавачи дискутираат како сум била во опасност, безбедноста била во опасност заради шпионажа – рече Сиљановска на Сител.

Таа додаде дека веднаш штом дознала дека има укажување од еден од вработените за упад во компјутерот исконтактирала со Министерството за внатрешни работи.

-Шокирана сум од Јавното обвинителство. Рековте предистражна постапка, а не постапка. Важи ли членот 289 од Законот за кривична постапка за Јавното обвинителство? Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се тајна. Како тоа Јавното обвинителство комуницира преку медиуми и раскажува како и на кој начин контактира со Министерството за внатрешни работи?

Згора на тоа, слушам една лаичка интерпретација на членот 8 од Законот за јавно обвинителство, каде што се вели дека Јавното обвинителство почитувајќи го принципот на презумпција на невиност, приватен живот, достоинство, слобода на медиуми, правично судење, интегритет и така натаму, како и принципот на отвореност – веројатно од тоа се инспирира – ја информира јавноста за одделни случаи по кои и постапува. Немаме случај ние. Во предистражна постапка нема случај – истакна претседателката.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По бод за Фиорентина и Аталанта!

Следно

Спас во последен момент- прекината е егзекуција на затвореник, не можеле да му ја најдат вената

Latest from Blog

Спас во последен момент- прекината е егзекуција на затвореник, не можеле да му ја најдат вената

Според медиумските извештаи, затворските службеници се обидувале да вметнат интравенска линија повеќе од еден час откако го донеле Карутерс во затворот со максимална безбедност во Нешвил, пред да се откажат и да

По бод за Фиорентина и Аталанта!

ФОТО:.facebook.com/atalantabc/ Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во Фиренца во натпреварот од последното коло на италијанската Серија А. Аталанта така остана непоразена за прв пат во последните четири гостувања на „Артемио Франки“.

Аврамов: Новата одредба на законот за игри на среќа носи ризик од нетранспарентно трошење пари наменети за ранливите групи

Граѓанските организации реагираат на предложените законски измени поврзани со распределбата на средствата од игрите на среќа, предупредувајќи дека може да бидат загрозени услугите за ранливите категории граѓани. Атанас Аврамов од Мрежата за

Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за зачувување на јавните површини

Со цел заштита на зелените површини од паркирање на моторни возила, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп постави заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд во градот. Како што информираат од претпријатието, поставувањето на
Go toTop