Македонски Концепт: Политиката на ДУИ нема иднина во Македонија

May 20, 2026
1 min read

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград
Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански, туку организирани и предводени од страна на левичарската ДУИ, партија на марксисти – ленинисти, која по нарачка на Белград, за нивни потреби, отвара или затвора етнички прашања и тензии во Македонија и регионот.

Овие настани беа чин на примитивен шовинизам, кој има за цел да го наруши соживотот и мирот во нашата држава. Начинот на кој се одвиваше овој собир претставува директна навреда за секој чесен граѓанин на Република Македонија.

Желбата ДУИ да се врати на влас ја гледаме низ присилна манипулација со млади луѓе.

Скандалозно и недозволиво е што на целиот протест немаше ниту едно државно обележје на Република Македонија, што е директно кршење на законите на оваа држава. Уште попоразително е што во екот на ова дивеење беа сквернавени споменици на македонските револуционери, луѓето кои ги положија своите животи за слободата и независноста на нашата татковина.

Македонски Концепт категорично го осудува насилството како политичка алатка. Повикуваме на итна и сериозна реакција од страна на надлежните институции и сите учесници и организатори кои ги прекршија законите и ги осквернавија нашите споменици мора да бидат соодветно санкционирани.

Политиката на поделби, тензии и насилство, промовирана од ДУИ, нема иднина во Македонија. Време е државата да покаже дека владеењето на правото важи за сите подеднакво.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА на Македонски Концепт

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Следно

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Latest from Blog

Станковиќ: Рударството мора да носи поголема корист за државата и да ги почитува еколошките стандарди

Развој на рударството со почитување на највисоките еколошки стандарди и со повисоки концесиски надоместоци побара пратеникот Малиша Станковиќ во собраниската расправа за интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања

Позитивен ден на берзата: Промет од 12,37 милиони денари и раст на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 26.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.859,39 поени. Во однос

Подолг работен ден во Германија? Се разгледуваат промени во работното време

Германија разгледува промени во организацијата на работното време, со кои ограничувањето би се пресметувало на неделно, наместо на дневно ниво. Предлогот би овозможил подолга работа во одредени денови, со почитување на вкупните

Божиновска за интерпелацијата: Благодарам што ми дадовте простор да го претставам сработеното

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во собраниската расправа за интерпелацијата поднесена од Левица порача дека ја прифаќа можноста да даде отчет за досегашната работа, но побара и од

Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа

Скопје беше домаќин на балканското полуфинале на Топ модел Европа (Top Model Europe), кое неодамна се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Младите модели Лина Настевска и Драган Николов ги
Go toTop