Проданоски: Прилеп воведува системски пристап за решавање на сообраќајниот метеж

May 19, 2026
1 min read

Прилеп започнува со конкретни чекори за решавање на сообраќајниот метеж на најкритичните крстосници во градот – „Кај Чумовчани“, „Кај Интернатот“ и „Нова автобуска“, каде што со години наназад граѓаните се соочуваат со долги колони и застој, особено во шпицните часови.

Во рамки на новиот пристап, Општина Прилеп со помош на дронови изврши мерење на протокот на сообраќај на повеќе локации низ градот, со цел да се добијат прецизни податоци и врз основа на нив да се изработат најсоодветни сообраќајни решенија.

Градоначалникот Дејан Проданоски изјави дека анализите ќе помогнат конечно да се најде трајно решение за најоптоварените точки во градот и директно да се подобри безбедноста во сообраќајот.

„Измеривме неколку крстосници каде што има сериозно загушување на сообраќајот. Со бројките и софтверската анализа ќе го добиеме најсоодветното решение за тие критични точки кои ги имаме во градот. Со тоа директно би ја подобриле безбедноста на сообраќајот“, истакна Проданоски.

Во фокусот на анализата моментално е крстосницата „Нова автобуска“, која важи за една од најпроблематичните локации во Прилеп. Според градоначалникот, во шпицните часови таму се чека и до 15-20 минути за поминување.

„Најпрво ја разгледуваме крстосницата кај новата автобуска станица и бараме стручно мислење. Ние предложивме одредено решение, но бројките ќе го дадат конкретниот одговор. Постојат параметри според кои се уредува една крстосница – горниот праг е 1200 возила на час за да биде кружен тек. Доколку тие параметри се надминати, ќе бараме друго решение“, рече Проданоски.

Според најавите од Општината, до крајот на мај се очекува да биде уредена крстосницата „Кај Интернатот“, додека анализите треба да покажат дали „Кај Чумовчани“ ќе остане со семафори или ќе се гради кружен тек.

Покрај тоа, локалната самоуправа веќе детектирала и други критични точки каде што возилата се движат со зголемена брзина. За тие делови се разгледуваат иновативни решенија како стеснување на визурата, промена на текстурата на коловозот и други мерки за смирување на сообраќајот.

Со овој проект, Општина Прилеп најавува системски пристап кон решавањето на сообраќајните проблеми преку употреба на современа технологија, детални теренски мерења и стручни анализи.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Артета: Мораме да почекаме што ќе се случи…

Следно

ВЛЕН: Ова не е грижа за студентите, туку обид за политички поени

Latest from Blog

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По

Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

 Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување

„Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите

Авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување полета кон пожарот што избувна на штипскиот Исар, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот избувна денеска на источната страна на тврдината Исар

Божиновска: Зелената транзиција е најважната инвестиција за економски развој

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност:
Go toTop