Масивен украински напад со беспилотни летала врз Москва и околните области, најмалку тројца мртви (ВИДЕО)

May 17, 2026
1 min read

„Технологијата“ на московската рафинерија за нафта не е оштетена во нападот во текот на ноќта, додека три куќи се оштетени, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека повеќе од 120 беспилотни летала се соборени во претходните 24 часа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 556 беспилотни летала се соборени во текот на ноќта и наутро, вклучително и над Московскиот регион.

Тројца мртви

Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, објави на апликацијата за пораки Телеграм дека една жена загинала кога била погодена куќа во градот Химки, северно од Москва, и дека спасувачките екипи работат на извлекување на едно лице од урнатините.

Двајца мажи загинаа во селото Погорелки во областа Митишчи, рече Воробјев.

Оштетени се и неколку високи станбени згради и инфраструктурни објекти, рече тој.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски со жителите на Ново Лагово го прославија денот на осветувањето на црквата „Света Петка“

Следно

Николоски: Продолжуваме со силни инфраструктурни проекти во сите општини

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop