Азиските берзи благо пораснаа, доларот под притисок

March 23, 2023
1 min read

Челниците на ФЕД одлучија на дводневната седница да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, во опсег од 4,75 до 5 отсто. Тоа е веќе деветто зголемување на каматните стапки откако ФЕД почна да ја затегнува монетарната политика во март минатата година, но темпото на порастот е забавено

На азиските берзи денеска благо пораснаа цените на акциите и покрај големиот пад на Волстрит вчера по натамошното зголемување на каматните стапки и пораките на шефот на американската централна банка. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше околу 7 часот плус 0,3 отсто, зајакнувајќи трет ден по ред.

Истовремено, јапонскиот Никеи индекс ослабе за 0,2 отсто, а цените на акциите во Австралија исто така паднаа за околу 0,6 отсто. Меѓутоа, во Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг тие се зголемија меѓу 0,2 и 1,5 отсто. Значителниот раст на берзанскиот индекс во Хонг Конг главно се должи на скокот на цената на акциите на Tencent и другите технолошки гиганти.

Сепак, на останатите берзи се тргува внимателно, бидејќи цените на акциите вчера остро паднаа на Волстрит. Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq индексот паднаа за повеќе од 1,6 отсто, по дополнителното зголемување на каматните стапки на американската централна банка и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел, дека не очекува намалување на каматните стапки оваа година.

Очекувано, челниците на ФЕД одлучија на дводневната седница да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, во опсег од 4,75 до 5 отсто. Тоа е веќе деветто зголемување на каматните стапки откако ФЕД почна да ја затегнува монетарната политика во март минатата година, но темпото на порастот е забавено.

Во соопштението на централната банка се посочува дека поради проблеми во некои банки можна е пауза во зголемувањето на каматните стапки, но дека поради високата инфлација веројатно ќе треба дополнително да се приспособи монетарната политика.

По објавата на ФЕД, берзанските индекси пораснаа, но по пораките на претседателот на централната банка нагло паднаа.

„Пазарот беше охрабрен по пораката на ФЕД дека е можна пауза во зголемувањето на каматните стапки, но беше разочаран од Пауел кој рече дека рацете на ФЕД не се врзани и дека ќе може дополнително да ги зголеми каматните стапки доколку е потребно“, објаснува Крис Закарели, директор во фирмата Independent Advisor Alliance.

Пауел, всушност, на прес-конференцијата посочи дека процесот на покачување на каматните стапки е при крај, но дека борбата со инфлацијата се уште не е завршена.

„Има уште долг пат во процесот на враќање на инфлацијата на 2 отсто и веројатно ќе биде трнлив“, рече Пауел и порача дека основното сценарио не вклучува намалување на каматните стапки оваа година.

Ова ги разочара инвеститорите кои очекуваа дека ФЕД наскоро ќе го прекине процесот на зголемување на каматните стапки и ќе започне со процесот на намалување на каматните стапки до крајот на годината. Пауел рече и дека банкарскиот систем е здрав, но дека проблемите во некои банки ќе доведат до заострување на условите за финансирање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Се запалија две возила во скопски Аеродром

Следно

Белоруската армија формира нов полк за ПВО

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во
Go toTop