Германската министерка за надворешни работи Бербок во посета на Македонија

March 23, 2023
1 min read

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во тек на првата посета на државава Бербок ќе биде примена и од претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, прва посета на земјава, министерката Бербок ќе има средби и со собраниската Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес – конференција.

Разговорите меѓу двајцата министри, како што се најавува, ќе се сосредоточат на пристапниот процес на државата во ЕУ, меѓу другото и на претстојните уставни измени, како наша преземена обврска за продолжување на процесот на преговори со Унијата.

Теми на разговор ќе бидат и билатералните односи меѓу двете земји со акцент на богатата економска соработка, нашето претседавање со ОБСЕ и соработката во рамките на НАТО Алијансата во светло на разнишаната европска безбедносна архитектура.

-Посетата на германската министерка Бербок се толкува како јасен сигнал на Сојузна Република Германија за интересот на германската надворешна политика во насока на целокупна поддршка на нашата земја и нашиот евроинтегративен процес, особено во годината во која прославуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со пријателска Германија, наведе МНР во најавата за посетата.

Германското МНР, пак, за посетата на Бербок на Скопје соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Самит на ЕУ посветен на Украина

Следно

Силен земјотрес ја стресе Албанија

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop