Трамп го одби одговорот на Иран- „Целосно неприфатлив“

May 11, 2026
1 min read

 Иранската новинска агенција „Тасним“ соопшти дека одговорот на Иран, испратен преку посредникот Пакистан, вклучува моментален крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има нови напади.

Американскиот претседател Доналд Трамп и Иран ги отфрлија меѓусебните најнови мировни предлози за ставање крај на 10-неделниот конфликт, додека двете страни се мачат да го одржат кревкиот прекин на огнот.

„Штотуку го прочитав одговорот од таканаречените ирански ‘претставници’“, напиша тој на социјалните мрежи, нарекувајќи го „ЦЕЛОСНО НЕПРИФАТЛИВ“. Американскиот долар ги продолжи добивките во однос на другите водечки валути по коментарите на Трамп.

Иран понудил дел од своите резерви на високо збогатен ураниум да ги префрли во трета земја, но ја отфрлил идејата за демонтирање на своите нуклеарни постројки, објави претходно „Волстрит журнал“. Иран го оспори извештајот, според полуофицијалната новинска агенција „Тасним“.

Не е јасно дали размената на предлози ќе понуди пат за повторно отворање на Ормускиот теснец.

Според најновиот предлог, Иран би разредил дел од својот високо збогатен ураниум, а остатокот би бил испратен во трета земја, објави весникот, повикувајќи се на лица запознаени со одговорот. Но, во предлогот исто така се бара гаранција дека префрлениот ураниум ќе биде вратен доколку разговорите пропаднат и се исклучува можноста за демонтирање на постројките.

Полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“ соопшти дека известувањето на „Волстрит журнал“ за предлозите поврзани со нуклеарниот материјал „не е точно“. Во соопштението беше нагласена желбата на Иран за итен крај на војната, ослободување на замрзнатите средства, укинување на американските санкции за продажба на нафта, крај на американската блокада на Оманскиот Залив и, на крајот, иранско управување со теснецот. Државната телевизија „ИРИБ њуз“ додаде дека Техеран го отфрлил планот на Трамп бидејќи претставува капитулација и инсистирал САД да платат и воена отштета.

Трамп предложил Иран да дозволи премин низ Ормускиот теснец, а Вашингтон да ја прекине блокадата на иранските пристаништа во следниот месец, по што би следувале нуклеарни разговори.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија станува важен регионален партнер во енергетиката

Следно

VLEN: Bashkimi ynë hapë epokën e barazisë reale për shqiptarët

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop