Што следи по овој морничав повик од Москва: ДИПЛОМАТИ, НАПУШТЕТЕ ГО КИЕВ

May 7, 2026
1 min read

Русија и годинава ќе ја одржи традиционалната воена парада во Москва на Црвениот плоштад на 9. мај, денот на победата над фашизмот но, поради заканите од Украина дека на тој ден постои можност од украински ракетен напад врз Москва парадата ќе се организира во скратен формат: без презентација на оружјето за масовно уништување, со доминација на луѓе од армијата и војската, е на на оружје.

Заканата од Украина во Москва е примена крајно сериозно. Нагласена е контразакана дека на секој вооружен напад врз воениот и државен врв на Русија ќе биде одговорено со употреба на сите расположиви средства “без лимит“. Оваа формулација е разбрана како закана со контранпад врз украина и со тактичко нуклеарно оружје, пред се врз Киев и сите центри на одлучување во државата украина, вклучитено Собранието и престедателот Зеленски, што е дел и од стратешката доктрина на Русија во прилики на масивен напад врз претседателот на држава.

Русија ги повика сите странски дипломати навреме да го напуштат Киев.

Главните пораки дојдоа од портпаролот на руското МНР Марија Захарова:

– Европската Унија „сериозно се лаже себеси“ ако мисли дека ќе може да ги замолчи јавно искажаните закани на Владимир Зеленски за напад врз Москва;

– Руското Министерство за надворешни работи силно ги повикува странските земји веднаш да ги евакуираат своите дипломати од Киев;

– Предупредувањето на руското Министерство за одбрана беше директен одговор на изјавите на Зеленски;

– Доколку Киев спроведе, како што се наведува, „криминални планови“ за време на прославите на Денот на победата, ударот ќе биде насочен и кон центрите за донесување одлуки;

– Руското Министерство за надворешни работи укажува на „неизбежноста“ на одмазднички удар од страна на руските вооружени сили против Киев во случај да се реализираат терористичките намери на режимот;

– Министерството за надворешни работи ги повика сите странски дипломатски мисии сериозно да ја сфатат изјавата на руското Министерство за одбрана во врска со заканите од Киев.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шилегов: „Предметот ‘Пулс’ ќе трае најмалку уште седум години“

Следно

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е

Познат е веројатниот наследник на Кир Стармер

Многумина во партијата го гледаат како најголема шанса на партијата за закрепнување по месеци на опаѓање на анкетите на јавното мислење и слаб изборен резултат во мај. Победата на Барнам на дополнителните
Go toTop