Проданоски: Едукацијата на децата е клучна за побезбеден сообраќај

April 28, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на едукативен настан во Дом на културата „Марко Цепенков“, посветен на најмладите и нивната безбедност во сообраќајот.

Настанот се одржа во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, при што беше изведена интерактивната театарска претстава „Застани, погледни, па на пешачки премин премини“. Преку креативен пристап, повеќе од 600 првачиња од Прилеп и Кривогаштани имаа можност да ги научат основните правила во сообраќајот.

 

 

„Ваквиот начин на едукација, преку интеракција и практични примери, остава најсилен впечаток кај децата и придонесува тие да изградат здрави навики кои се од суштинско значење за нивната безбедност“, истакна Проданоски.

Тој нагласи дека безбедноста на децата е заедничка одговорност и дека општината активно работи на подобрување на условите во сообраќајот. Во таа насока, во тек е подготовка на техничка студија за регулација на сообраќајот во соработка со Технички факултет Битола, со цел детектирање на критичните точки и унапредување на безбедноста.

Паралелно, локалната самоуправа инвестира во инфраструктурата и планира воведување на современи системи како „Сејф сити“, со што се очекува Прилеп да стане значително побезбеден град за сите учесници во сообраќајот.

Проданоски упати благодарност до организаторите на настанот, особено до претседателот Горан Ангеловски, како и до сите институции, училишта и учесници кои придонеле за успешна реализација.

„Остануваме посветени на соработката со институциите, училиштата, наставниците и родителите, бидејќи само заедно можеме да изградиме одговорни генерации и сигурна иднина за нашите деца“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Инвестиција од над 37 милиони денари за мултифункционален објект во Бистрица

Следно

Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,26% на 9.977,84 поени

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop