Со над 600 членови: Алумни-асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

April 25, 2026
1 min read

Под мотото „Лидерство. Пријателство. Влијание“, Алумни-асоцијацијата на Школата за лидери на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов – ИСЛАА (Ivanov School of Leaders – Alumni Association) одбележа 15 години од основањето, со свечен настан кој ги обедини алумнистите, поддржувачите и пријателите.

ИСЛАА соопшти дека во изминатите петнаесет години прераснала во влијателна заедница од над 600 алумнисти од земјата и од светот.

-Денес гледаме заедница од стотици алумнисти кои делуваат во различни сфери, државни институции, бизнис, граѓанско општество, образование, иновации и медиуми. Тоа се луѓе кои не само што се развиваа индивидуално, туку придонесуваат во развојот на општеството и во создавањето нови генерации лидери. Ова е вистинската вредност на Школата и на Алумни-асоцијацијата, истакна во своето обраќање основачот на Школата за млади лидери, Ѓорге Иванов.

Осврнувајќи се на значењето на заедницата и улогата на секој алумнист во нејзиното градење, се наведува во соопштението, претседателката на ИСЛАА, Анастасија Илиевска, истакна дека јубилејот што го одбележуваат е јубилеј за секој од нив.

-Без разлика дали сте дел од оваа приказна една година, пет или сите 15. Затоа што ИСЛАА е мрежа на луѓе, сите наши приказни, испреплетени и различни, но поврзани со една иста мисија и визија: да ја направиме Македонија и светот подобро место за живеење, истакна Илиевска.

Јубилејниот настан беше можност да се оддаде признание на поединци и организации кои имаат значаен придонес во развојот на Школата и ИСЛАА.

Извршниот одбор на ИСЛАА додели плакета за особен придонес на основачот на Школата за млади лидери, претседателот Ѓорге Иванов, за неговата визија и за поставувањето на темелите врз кои се изградени генерации лидери.

Посебно признание му беше доделено на Даниел Ѓокески, првиот претседател на ИСЛАА, за неговата улога во поставувањето на организациските темели и развојот на асоцијацијата.

Ккао што информира ИСЛАА, плакети им беа доделени и на истакнатите алумнисти, министерот Стефан Андоновски и шефот на кабинет на министерката за финансии, Катерина Антовска, за нивниот придонес во општеството.

Признанија им беа доделени и на поддржувачите на ИСЛАА: хотел „Инекс Олгица“, „Екофлуид“, „Екобит“, „Нома систем солушнс“ и „Рагуза груп“.

-Настанот испрати јасна порака дека ИСЛАА не е само организација, туку жива заедница со долгорочно влијание. Со 15 години зад себе, ИСЛАА продолжува да ја гради својата мисија: да поврзува, инспирира и поддржува млади лидери кои ќе придонесуваат за подобро и поодговорно општество, се наведува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, ВМРО-ОКГ подготвува еколошки геноцид и грабеж

Следно

Коњановски: улицата „СРУ 5“ добива модерна сигнализација и велосипедска патека

Latest from Blog

Орбан се откажува од пратеничкото место: ПОТРЕБЕН СУМ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ

Претседателот на партијата Фидес – Унгарски граѓански сојуз и премиер во заминување, Виктор Орбан изјави дека ќе се откаже од пратеничкото место, што го освои на парламентарните избори на 12 април. Тој

(ВИДЕО) Коњановски: „СРУ 5“ добива модерна сообраќајна и велосипедска инфраструктура

По завршеното асфалтирање на улицата „СРУ 5“, во тек е нејзино целосно обележување со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, согласно одобрениот сообраќаен проект за траен режим на сообраќај. Од ЈП „Паркинзи“ информираат

Рома го држи европскиот курс

Тимот на Рома попладнево успеа да забележи уште една победа во домашниот Серија А шампионат. „Волчицата“ триумфираше со 0:2, на гостувањето кај Болоња, со головите на Мален во седмата односно Ел Ајнауи

Коњановски: улицата „СРУ 5“ добива модерна сигнализација и велосипедска патека

По завршеното асфалтирање на улицата „СРУ 5“, во тек е нејзино целосно обележување со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, согласно одобрениот сообраќаен проект за траен режим на сообраќај. Од ЈП „Паркинзи“ информираат

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, ВМРО-ОКГ подготвува еколошки геноцид и грабеж

Законот не е за доброто на граѓаните, туку за профитот на малкумина во бизнис шемите на Мицкоски. Овој закон е скандал сам по себе. 1.Еколошки геноцид наместо здравјето на луѓето. Тврдењето дека
Go toTop