На 12 дена пред 2 април ние можеме јасно да кажеме пред јавноста дека сме подготвени за избори. Ова го изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев пред почетокот на денешната владина седница.
„Ние сме во епицентарот на предизборната кампања“, забележа тој
„Во последниве месеци, земјата беше управувана од преодна влада поради неможноста на 48-то Народно собрание да формира редовна влада. Ова е причината поради која имаме нови парламентарни избори. Очекувањата на сите политички фигури вклучуваат размислување за следните изборни денови кога избраните пратеници во 49. Народно собрание ќе донесат одлуки за иднината на Бугарија“, рече премиерот на Бугарија пред почетокот на денешната седница.
Тој додаде дека таа влада политичките партии ја вовлекуваат во предизборна игра, „за жал, често со нечесност и лаги“.
– Ние сме официјална влада. Како не нарекуваат е без начење – техничка, привремена или назначена влада“, изјави Галаб Донев, јави БТА.
ИЗВОР: kurir.mk