Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

April 21, 2026
2 mins read

Раководството на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска соопшти дека го прекинува студирањето на седум студенти на магистерски студии и на четворица на докторски студии по констатирани нерегуларности. Одлуката доаѓа по извршениот надзор на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), кој утврдил дека овие студенти биле запишани на повисоки циклуси на студии спротивно на постојниот закон.

Според деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески, студентите не се без диплома, но не бил почитуван законот кој пропишува дека само со академски, но не и со стручни студии, може да го продолжат студирањето на повисоки циклуси. Во овој случај, како што беше кажано на денешната прес-конференција на Факултетот, стручните студии биле третирани како и академските, со што на студентите им било овозможено да се запишуваат на втор и трет циклус студии, иако тоа за овој вид студии не важи според сè уште актуелниот закон од 2018 година.

Според информациите, првиот студент на постдипломски студии со тригодишни стручни додипломски студии бил запишан во 2019 година. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осуммина на едногодишни стручни студии. Нема решение од Инспекторатот дали нивните дипломи ќе останат важечки.

Деканот Бакрески вели дека Инспекторатот констатирал состојби што не се во согласност со законот и врз основа на тоа го донел решението. Тој смета дека до оваа ситуација дошло веројатно поради разни интерпретации на законот, а не со тенденција на колективот на Филозофскиот факултет.

„Има разни интерпретации во аргументациите на наставниците и во тие сегменти в кои е постапувано се посочува одреден член од правилникот, кој не е конзистентен или создава некаква, условно, системска нерамнотежа од аспект на одредено толкување, но јас не сум тој што може тоа доследно да го интерпретира. Ние постапивме во согласност со решението на ДПИ и, за жал, мораше да ги испишеме тие студенти“, рече Бакрески.

Според него, проблемот е сложен и затоа, како што рече, „не можам ниту да бранам ниту да амнестиирам некого“.

„Поголем сет на луѓе се вклучени во постапувањето и во одлучувањето. Овие состојби не се добредојдени и како декан ќе направам сè во иднина да нема вакви ситуации на Факултетот“,
додаде тој.

Како што рече, бил фрапиран од објавата на еден портал дека ДПИ при контрола на Филозофскиот факултет утврдил нерегуларности, со што се добило впечаток дека Факултетот е фатен во неправилности. Тој вели дека инспекторите биле викнати од негова страна за да утврдат дали е законски состојбата со овие студии. Надзорот, како што рече, траел од крајот на минатата година, а решението на ДПИ било донесено во март.

„Напротив, по индиции дека можеби овие студии се проблематични, јас иницирав вонреден инспекциски надзор. Не сакав јас да постапувам за да не влегувам од грешка во уште поголема грешка. Ова го правиме за сите други наши студенти да си имаат правна основа во студирањето“,
додаде Бакрески.

Факултетот веќе започнал со процес на враќање на парите на студентите на кои им е прекинато студирањето. Бакрески ги отфрли наводите за наводна паника во Деканатот или жалби од студентите за поврат на средствата, нагласувајќи дека институцијата самоиницијативно стапила во контакт со нив за исплата на парите на нивните трансакциски сметки.

Раководството на факултетот повика да не се нарушува угледот на институцијата која има над еден век традиција и да се има доверба во институционалнот процес.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска потврди дека Државниот просветен инспекторат констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како што информира таа, Инспекторатот веќе го завршил својот дел од постапката, донел заклучоци и ги проследил до Филозофскиот факултет, кој, според Јаневска, веќе работи по нив и треба да донесе извештај.

Министерката не сподели повеќе детали во врска со случајот, оставајќи првин да го добие извештајот и да донесе конечно решение како овластено лице по тоа прашање.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столе одличен на голот, Валенсија до бод кај Мајорка!

Следно

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

Latest from Blog

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

И покрај најавите дека американска и иранска делегација ќе допатуваат во Исламабад на втор круг преговори, тие досега не пристигнаа во Пакистан. Си-ен-ен (CNN) повикувајќи се на неименувани извори објави дека засега

Столе одличен на голот, Валенсија до бод кај Мајорка!

https://www.facebook.com/valenciacf.en/ Иако прими гол, сепак македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, вечерва во меч од 33.коло на гостувањето кај Мајорка барем во три наврати и тоа како го спасуваше својот тим. Три големи

LSDM: Gruevski ka pasaportë hungareze dhe serbe

Nga partia maqedonase në opozitë LSDM, thonë se nga informacionet e fundit që i kanë marrë, tregojnë se Nikolla Gruevski tashmë zotëron një pasaportë hungareze dhe serbe. “Nëse i arratisuri nga drejtësia
Go toTop