Хоџа: Tрајни решенија и зелен пресврт во третманот на отпадот, водите и аерозагадувањето

April 8, 2026
1 min read

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на опозициски прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

Во одговор на прашање поставено во врска со справувањето со отпадот, министерот Хоџа одговори дека регионалниот систем за управување за отпад е во фокусот на негово работење, каде се работи за една исклучително важна стратегија која конечно го гледа светлото на денот, и која повеќе не е само документ на хартија, туку активно се имплементира на терен. Дивите депонии, слабо функционалните или нефункционални депонии, сите стануваат минато, со еден ваков целосен пресврт во начинот на кој проблемот со отпадот е третиран, а кој го гледаме во делот со отпочнувањето на инфраструктурата и опремата за трите регионални центри во Русино, Новаци и Свети Николе.

На прашањето поврзано со аерозагадувањето како еден од најсериозните предизвици, Министерот Хоџа напомена дека фокусот е ставен на индустријата и институциите, бидејќи сметам дека таму одговорноста и примерот треба да се посилни.

Со новиот Закон за индустриски емисии кој стапува на сила во 2027 година и најавената јавна расправа за новата дозвола на УСЈЕ, се работи на градење на довербата на граѓаните, низ отворен дијалог, со факти и експертска поддршка.

Кај 21 државен објект веќе е извршена промена кон еколошки начин на загревање. Ова се дел од 70-тина објекти низ државата кои се опфатени со овој проект на Министерството за животна средина. Во однос на мерките за домаќинствата, периодов се случува распределбата на ваучери за инвертери, мерка која ја спроведува Министерство за енергетика, со која 4300 семејства помалку ќе загадуваат, менувајќи го начинот на греење на своите домови.

Министерот Хоџа одговараше и на прашање поврзано со водите, за што потенцираше дека управувањето со водите не е само техничко, туку стратешко прашање, бидејќи системски се унапредува управувањето со водите преку реформи, инвестиции и усогласување со ЕУ стандарди.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја поставува политиката во секторот-води како еден од клучните столбови на одржливиот развој.

Во изминатиот период, направени се значајни чекори напред кои ја потврдуваат заложбата за усогласување со европското законодавство и воспоставување современ систем за управување со водите.

Овие процеси не се декларативни, туку се поддржани со конкретни мерки, инвестиции и партнерства со меѓународни институции, а пристапот е системски и одговорен.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛЕ: Бетис извлече реми на гостувањето во Португалија

Следно

ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети, но економските ефекти се краткотрајни

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop