Општина Прилеп го одбележа 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, со настан исполнет со култура, талент и заедништво.

Во текот на денот, градоначалникот заедно со претседателката и членовите на Советот на Општина Прилеп остварија средба со претставници на ромската заедница, при што разговараа за унапредување на условите за живот, инклузијата и еднаквите можности за сите граѓани. Ромското знаме гордо се вееше пред зградата на општината како симбол на почит и заедништво.
Градоначалникот во своето обраќање порача: „Заедно мораме да продолжиме да делуваме, да ги разбиеме сите стереотипи и предрасуди, и да изградиме општество во кое секој има еднаква шанса за успех. Образованието е клучот кон подобра иднина, и затоа мораме заеднички да вложуваме во негово унапредување.“

Посебна благодарност беше упатена до сите учесници, основните и средните училишта, како и до институциите кои придонесоа за успешната реализација на настанот. Особено беше истакнат ангажманот на ООУ „Добре Јованоски“ и придонесот на водителот на настанот, како и поединците кои добија благодарници и плакети.

Општина Прилеп испрати силна порака за почит, еднаквост и заедништво, истакнувајќи дека различностите се најголема вредност и продолжува посветено да гради инклузивно и праведно општество за сите граѓани.


