Коњановски: Битола добива модернизирана зоолошка градина

April 7, 2026
1 min read

Зоолошката градина во Битола добива нов развоен импулс, со најавени проекти за подобрување на условите за животните и збогатување на животинскиот фонд, што треба дополнително да ја зголеми нејзината атрактивност, особено во пресрет на пролетно-летната сезона кога интересот на посетителите е најголем.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети градината каде се планира реализација на два значајни проекта – изградба на нов терариум и објект за копитари, кои се поддржани од Министерството за култура и туризам, а се аплицирани од Општина Битола во рамки на вториот владин повик.

Директорот на зоолошката градина, Жарко Тренковски, информираше за тековните активности и динамиката на реализација, нагласувајќи дека станува збор за инвестиции кои директно ќе влијаат врз подобрување на благосостојбата на животните.

Паралелно со инфраструктурните зафати, во тек е и интензивно пролетно уредување на просторот, со акцент на оплеменување на живеалиштата, со што зоолошката градина станува уште попривлечна за посетителите, особено за најмладите кои се нејзини најчести гости. Зоолошката градина во Битола важи за единствена во регионот и редовно привлекува ученици не само од градот, туку и од други делови на државата, па дури и од соседна Грција.

Во наредниот период се очекува и значително збогатување на животинскиот свет. Веќе денеска треба да пристигнат нови животни од Зоолошката градина во Скопје, меѓу кои мајмуни од видот патас, лемури и коати. Дополнително, во текот на април или мај, преку меморандум за соработка со зоолошката градина во Белград, како подарок се најавени и нови животни, меѓу кои бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал и буву буву, што ќе ја збогати понудата и ќе донесе ново искуство за посетителите.

Покрај инвестициите во инфраструктурата и животинскиот фонд, оваа година е планирана и едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб, што треба да придонесе за подигнување на стандардите и професионалниот капацитет на установата.

Со овие активности, Општина Битола испраќа јасна порака дека вложувањето во зоолошката градина не е само инвестиција во туризмот, туку и во едукацијата, екологијата и квалитетот на живот во градот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Стратешко партнерство со САД за енергетска стабилност на Македонија

Следно

Mevlan Ademi në Click Plus: Mesazhi që dëshironim të përcjellim te Ministria e Drejtësisë u dha!

Latest from Blog

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието

Иран: Немаме проблем со Бугарија, но имаме право да нападнеме извор на агресија кон нас

„Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, исто така претставува учество во акт на

Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот на Народната банка: Славески оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. Разговараа за влијанието

Николоски: Со над 5,6 милиони евра ја унапредуваме инфраструктурата во Струга

Над 5,6 милиони евра се инвестираат во капитални проекти во општина Струга преку поддршката од Министерството за транспорт, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Средствата се насочени кон

10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,21 поени. Во
Go toTop