Божиновска: Стратешко партнерство со САД за енергетска стабилност на Македонија

April 7, 2026
1 min read

Министерката за енергетика Сања Божиновска оствари важна средба во Белата куќа со Џерод Аген, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, при што во фокусот биле стратешките насоки за унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.

Божиновска информираше дека разговорите биле отворени и суштински, со јасно дефинирани приоритети – енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите на енергија и реализацијата на конкретни инфраструктурни проекти. Таа нагласи дека средбата има особена тежина, имајќи предвид дека станува збор за висок функционер со директен увид во креирањето на американските енергетски политики.

Според неа, ваквиот дијалог отвора простор за подлабока и поконкретна соработка, која може да резултира со заеднички проекти од стратешко значење, насочени кон долгорочна стабилност и развој, не само на Северна Македонија, туку и на целиот регион.

 

Средбата е дел од поширокиот процес во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, каде, како што посочи Божиновска, државата настапува како сериозен партнер со јасно поставени приоритети и визија за идниот енергетски развој.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски Концепт: Македонскиот јазик е обврска за сите во јавниот систем

Следно

Коњановски: Битола добива модернизирана зоолошка градина

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop