Алиу: После една деценија е ажурирана листата на есенцијални лекови

April 1, 2026
2 mins read

По повеќе од 10 години е извршено ажурирање на листата на есенцијални лекови, која е посебно значајна и служи како клучен инструмент за обезбедување на критични терапии за јавно здравје и можност за инклузија во процеси на покриеност на трошоците преку здравственото осигурување. За првпат, на листата има лекови за контрацепција, како и лекови за никотин-заменска терапија. Ажурирањето на листата овозможува усогласеност со современите клинички стандарди и пристап до нови и ефикасни терапии.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој рече дека ажурирањето се спровело од крајот на 2025 година, во рамките на Националната платформа за лекови под водство на Министерството за здравство, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), а во процесот учествувале претставници од релевантни национални институции, академијата, пациентските организации и фармацевтската индустрија.

Како основа, појасни министерот, е користена листата на есенцијални лекови на СЗО, која се ажурира на двегодишно ниво од страна на Експертскиот комитет за селекција и употреба на есенцијални лекови.

– Инаку, со новиот закон за лекови предвидуваме ажурирање на оваа листа на две години, согласно праксата на СЗО, што дополнително придонесува кон предвидливост и одржливост на системот за обезбедување лекови. Нашата цел е листата на есенцијални лекови да ги одразува современите терапевтски стандарди и новите лекови кои се докажани како клучни за јавното здравје, а воедно да овозможи поголема достапност до современи и ефективни терапии. Им благодарам на сите вклучени во овој процес за нивниот професионален и посветен ангажман. Продолжуваме да градиме здравствен систем, кој е во чекор со современите стандарди и во функција на здравјето на граѓаните, додаде Алиу.

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација, Аким Али рече дека после една деценија се извршил ревидирање на листата на есенцијални лекови, усогласена и со листата на СЗО. Посочи дека таа е основа за задоволување на потребите на пациентите и на јавното здравство и на пациентите им овозможува пристап до есенцијални лекови.

– Особено задоволство ми е што овој пат листата се осврнува не само на лекувањето, туку и на превенцијата со тоа што содржи никотинска заменска терапија и контрацептиви. Сето ова е темел на здравствената заштита. Иако оваа листа не е исто со позитивната листа сепак ми е мило што националната листа на лекови е усогласена со платформата на СЗО, им ги става на располагање овие лекови на пациентите. На ова работиме уште од 2024 година со поддршка на СЗО и политичкото водство, со министерот и работната група посветено се работеше и ова е многу важен чекор на патот кон постигнување универзална здравствена заштита, додаде Алиу.

Координаторот на работната подгрупа, Национална платформа за лекови, проф. д-р Зоран Стерјев рече дека во листата се наоѓаат сите најнеопходни лекови за лекување на заболувањата, најприоритетските и најчестите заболувања.

– Во есенцијалната листа за првпат имаме никотинска заменска терапија. Тоа се фластери и никотински гуми за џвакање, а има и едно контрацептивно средство. Направена е реорганизација и на антиинфективните лекови, зголемен е нивниот број на листата. Има значително зголемување на бројот на лекови на листата кои делуваат на CMS заболувањата, посочи проф. д-р Стерјев.

Од 32 групи лекови кои ги има на модел листата на СЗО со исклучок на групата на стоматолошки лекови, појасни тој, сите ги има на нашата есенцијална листа.

Одговарајќи на новинарско прашање проф. д-р Стерјев рече дека разликата меѓу есенцијалната и позитивната листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, е што есенцијалната листа на лекови содржи препарати кои државата мора да ги има обезбедено во секое време иако за некои од нив нема економската исплатливост.

– Меѓутоа, заради можноста да се појават одредени заболувања, тие мора да бидат присутни во државата во одредени количини кои ќе овозможат лекување на таквите заболувања. Есенцијалната листа ги содржи најесенцијалните лекови кои се користат во третман на заболувањата. На пример на листата има пет антиепилептици кои се користат како лекови од прв избор за третман на различни епилептични синдроми. На позитивната листа покрај есенцијалните лекови има и други лекови за кои во одреден момент ФЗО има средства да ги покрие и да станат достапни за граѓаните преку Фондот. Многу висок процент од лековите на есенцијалната листа ги има и на позитивната листа, додаде проф. д-р Стерјев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола со Велигденска приказна: Базар за најмладите од градинките

Следно

ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО АЛАРМИРА СВЕТОТ: „ChatGPT“ му дал насоки за самоубиство на тинејџер

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop