Нов фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари и наменет за инвестиции во европски стартап компании

March 21, 2023
1 min read

Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија.

Холандското Министерство за економија соопшти дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во јули.

„Очекуваме дека лансирањето на овој фонд во Холандија ќе им олесни на иновативните холандски стартапи да го пронајдат својот пат до капиталот, преку стимулирање решенија и за социјалните и за воените проблеми“, се вели во соопштението.

Најавувајќи го овој фонд минатата година, Алијансата соопшти дека меѓународниот фонд треба „да ги обедини владите, приватниот сектор и академската заедница за да ја зајакне технолошката предност на НАТО“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американската полиција во состојба на готовност поради можното апсење на Трамп

Следно

Општина Кисела Вода со јавен повик за избор на членови на управен одбор на ЈП за стопанисување со спортски сали и објекти

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop