Screenshot

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

March 26, 2026
2 mins read

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап до широк избор на филмови, серии и уште повеќе забавна содржина.

FilmBox+ е стриминг сервис со постојано растечка понуда на корејски серии, турски драми, филмови и документарни содржини. Сервисот ја надополнува понудата на телевизиски канали на SPI, меѓу кои се и нивните најпознати брендови, FilmBox и DIZI. Со внимателно избран каталог на содржини, наменет за гледачи кои сакаат веднаш да најдат нешто добро за гледање, наместо бескрајно да пребаруваат, FilmBox+ нуди стотици филмови и серии за секое расположение и сечиј вкус, од акција и комедија, до романса, трилер и авантура. Сите филмови и серии достапни на платформата се прилагодени за македонската публика, со превод или синхронизација на македонски јазик.

Лансирањето на FilmBox+ на македонскиот пазар е дел од поширок договор меѓу SPI International и A1 Group, кој ја опфаќа и дистрибуцијата на телевизиските канали. По Бугарија, Србија и Македонија, во план е услугата да стане достапна и на другите пазари каде што е присутен A1, односно во Словенија и Хрватска, со што дополнително се зацврстува позицијата на FilmBox+ како водечки дигитален производ на SPI International во регионот. FilmBox+ веќе е достапен и преку други оператори на пазари како Полска, Унгарија и Романија.

Навистина ни е драго што FilmBox+ го носиме до нашите корисници и што дополнително ја прошируваме нашата понуда за забава со платформа која ги препознава различните вкусови и навики за гледање. Ова партнерство е уште една потврда на нашата посветеност да овозможуваме квалитетно дигитално искуство и постојано да ја збогатуваме понудата на содржини за македонската публика. Целата содржина е достапна на македонски јазик, што овозможува целосно локализирано корисничко искуство“, изјави Методија Мирчев, генерален извршен директор на А1 Македонија.

„Партнерството со А1 Македонија е важен чекор во доближувањето на FilmBox+ до уште поголем број гледачи во регионот. Ни претставува особено задоволство што на македонската публика можеме да ѝ понудиме богат избор на содржини кои се лесно достапни, пријатни за гледање и постојано се надополнуваат“, изјави Ерван Лухерн, извршен директор на SPI International.

FilmBox+ нуди богато и внимателно приспособено гледачко искуство за различни профили на публика, со лесен пристап, едноставна навигација и брзо и ефикасно пребарување на содржини. Сервисот овозможува креирање до пет кориснички профили и истовремено гледање на три уреди, а вклучува и родителска контрола. FilmBox+ е достапен преку www.filmboxplus.com, мобилни апликации и Smart TV уреди.

За A1 Македонија

A1 Македонија е дел од A1 Групација, еден од водечките телекомуникациски провајдери во Европа, кој поставува стандарди во обезбедување напредни мобилни, фиксни и дигитални услуги. Компанијата е посветена на создавање врвно корисничко искуство, водена од иновации, технолошки напредок и одржлив развој. Со супериорна оптичка мрежа и современа мобилна инфраструктура, како и континуирани инвестиции во најнови технологии, A1 Македонија нуди сеопфатно портфолио на услуги, од сигурна и брза конективност, до богати дигитални и забавни содржини, креирани да одговорат на динамичните потреби на модерниот корисник.

Како доверлив партнер на поединци, компании и институции, A1 Македонија активно придонесува за дигиталната трансформација на општеството, овозможувајќи им на луѓето и бизнисите да растат, да се развиваат и да успеваат во дигиталната ера.

Седиштето на A1 Македонија е во Скопје.

www.a1.mk

За SPI International

SPI International е глобална медиумска компанија која управува со телевизиски канали и дигитални производи на шест континенти и има значајна улога во дистрибуцијата и емитувањето содржини ширум светот. Компанијата е присутна во Централна и Источна Европа, Западна Европа, Азија и регионот Адрија, вклучувајќи пазари како Полска, Чешка, Романија, Србија и Холандија.

Во портфолиото на SPI International се вбројуваат препознатливи брендови како FilmBox, Film1, Kino Polska, Stopklatka и DIZI, како и низа тематски канали и стриминг сервиси, меѓу кои е и FilmBox+. Со повеќе од 800 оператори ширум светот, SPI користи напредни технологии за да им овозможи на претплатниците пристап до линеарни и on-demand содржини.

Повеќе од 25 години, SPI International е еден од водечките дистрибутери на филмови за кино прикажување и телевизиска програма на меѓународните пазари, потпирајќи се на силни партнерства со носители на права и обезбедувајќи квалитетна и атрактивна содржина со висока побарувачка.

www.spiintl.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

Следно

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем промет – МБИ10 со благ раст од 0,02%

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop