ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

March 26, 2026
1 min read

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот „WebEmpower“. Наместо класичен академски пристап, настанот отвори директен и понекогаш неудобен дијалог за реалната состојба на дигиталната пристапност во Македонија.

Преку серија интерактивни сесии, работилници и меѓународна тркалезна маса, учесниците – од институции, ИКТ секторот и граѓанските организации – не зборуваа само за стандарди, туку за конкретни предизвици со кои се соочуваат корисниците секојдневно.

„Дигиталната трансформација нема вистинска вредност ако не ги вклучува сите. Нашата цел со овој настан беше да ја придвижиме темата од декларативно ниво кон практични решенија и конкретни чекори“, изјави проф. д-р Граматиков, координатор на проектот „WebEmpower“, нагласувајќи дека пристапноста мора да стане составен дел од секој дигитален процес – од дизајн до имплементација.

Особено внимание привлече тркалезната маса, на која меѓународни експерти споделија искуства од европски контекст, отворајќи прашања за тоа каде се наоѓа  Македонија во однос на примената на стандардите за веб пристапност.

„Дигиталната инклузија е клучен елемент на современите демократии. Европските искуства покажуваат дека пристапноста не е само техничко прашање, туку дел од поширока општествена одговорност“, истакна амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер, посочувајќи ја важноста од усогласување со европските политики и практики.

Дискусиите се насочија кон практични решенија – од подобрување на јавните дигитални услуги до подигнување на свеста кај институциите и компаниите.

Маша Маловрх, експерт за веб пристапност, споделувајќи искуства и добри практики од регионот и Европската Унија меѓу другото истакна – „Пристапноста треба да се вгради уште во почетната фаза на развој, а не да се додава подоцна како корекција. Само така можеме да создадеме дигитални услуги што навистина функционираат за сите корисници“.

Настанот успеа да направи нешто што ретко се случува – да ги стави на иста маса креаторите на политики, техничките експерти и оние кои директно ги чувствуваат последиците од недостапноста. Во таа смисла, програмата не беше само едукативна, туку беше и со повик за одговорност.

Проектот „WebEmpower“ преку вакви активности има за цел да поттикне системски промени, но и да изгради нова култура на дигитален развој – онаа што не ги остава корисниците на страна.

Дводневниот настан на ФИНКИ не понуди одговори на сите прашања, но јасно покажа едно: дигиталниот напредок нема смисла ако не е еднакво достапен. А токму тука, дебатата дури сега започнува.

Проектот WebEmpower е поддржан од Министерството за дигитална трансформација на РМ, а финансиран од Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) на Република Словенија, во рамки на програмата Slovenia Aid & Partnerships. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

Следно

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop