Салихамиџиќ ги критикува фудбалерите: Ова не е Баерн

March 20, 2023
1 min read

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, ги критикуваше денеска фудбалерите на минхенскиот клуб, ден по поразот од Баер Леверкузен во рамки на 25 коло во Бундеслигата.

Баерн по вчерашниот пораз во Леверкузен ѝ препушти лидерското место на Борусија Дортмунд зад која сега заостанува еден бод.

„Ова не е Баерн. Вакво нешто ретко се гледа. Промашивме сè што можевме да промашиме. Ни недостасуваше буквално сè уште во играта. Дозволивме да не натрча екипа која имаше натпревар во четвртокот и да не победи“, изјави Салихамиџиќ.

Тој во изјава за германските медиуми призна дека тимот од Леверкузен бил подобар во сите сегменти од играта.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Пакистанската полиција уапси десетици приврзаници на поранешниот премиер Кан

Следно

Путин до кинескиот претседател: Ќе разговараме за вашиот мировен план за Украина

Latest from Blog

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат
Go toTop