Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

March 24, 2026
2 mins read

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или од Фрчко. Поверојатно од Шмрчко.

Темата „економија“ не му лежи на еден неврохирург, тоа е факт. Нема поим од неа. Значи, му напишале, па си прочитал. Точка.

Од цени на горива, пак, разбира само дека подареното Ауди А8 троши многу дизел. Затоа и го продал, како што самиот потврди, не поради бруката која пукна за дарен џип од околу 150 илјади евра, нееее, никако…

И денеска, во новата СДС драма на апсурдот, ликот кој скапа по ултра-скапи журки во Дубаи, милионски јахти, кој нема стан во Дубаи ни викендица на Нерези и кој возеше дарен џип кој е неостварлив сон на секој нормален граѓанин, се загрижи премногу за стандардот на граѓаните, демек сочувствува со нив и знае како им е  и остроумно запраша:

Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ прочита на Бихаќка Филипче.

Не, не го направи „само“ тоа, Венко, направи многу други работи. Да прашаше, ќе дознаеше. Не ти напишале тоа во пусулчето…

Туку, чуму вие кога минимална плата беше 15 илјадарки во 2022-та во екот на короната, кога дизелот беше 107,5 денари, а суперот 110 – чуму вие со СДС/ДУи владиштето не го намаливте ДДВ-то на горивата?

Дали Венко не знае дека разликата во куповната моќ од 2022-та (кога СДС правеле толку многу за народот?!)  и денеска е како во две различни држави? Небаре, меѓу нашата Македонија и нивната „Северна“, која ја верглаа како навиени, башка што ја крадеа како улави, ко да невиделе.

Тогаш Корона криза, сега војна во Иран и светска криза со горива. Разликата е во двете влади. Немерлива.

Првата состојба е Македонија во 2022-та година јуни месец, време на владеење на СДС, кога дизелот го достигнува пикот од 107,5 денари за литар. Владата не прави ништо околу ДДВ-то за горивата. Односно, прават – манипулираат, лажат, продаваат ветер за магла, делат пари пред и по избори, корумпираат, прогласуваат вонредни состојби, се вадат на короната, оти – така било во цел свет!? Она што го прват и сега и она што единствено го знаат. Т.е. – не прават ништо друго, освен што продаваат гола демагогија, дефокусираат, извитоперуваат, лажат-сушат.

За споредба, кога СДС беше на власт, немаше ни војна на Блискиот Исток, но ДИЗЕЛОТ достигна до неверојатни 107.5 ДЕНАРИ, а бензинот БС-95 БЕШЕ 110 денари, БС-98 цели 112 денари. Податоци од РКЕ.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 29. 839 денари. Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари. Податоци од ДЗС.

Во превод:

Во 2022 година со Зевци,  Ковачевци и Филипчевци со 107.5 денари литар гориво со минимална плата сме можеле да купиме бедни 141 литар дизел гориво.

Со просечна плата во 2022-та сме имале платежна „моќ“ за купување минорни 277, 5 литри дизел.

 Како е денеска? Драстично поразлично.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесува 43. 050 денари, сега во 2026-та е над 46.889 денари.

Минималната плата во 2022-та е 15.229 денари, во 2026-та изнесува 24.379,00 денари. Податоци на ДЗС.

Денеска, литар дизел изнесува 95.5 денари.

 Во превод:

Во 2026-та со просечна плата од над 46.889 денари можете да купите околу 500 литри дизел гориво.

Во 2026 со минимална плата  24.379 денари можете да купите 250 литра дизел гориво.

 Споредбата е едноставна:

МИНИМАЛНА ПЛАТА: 2022-та  – 141 литар дизел.

                                             2026-та  – 250 литри дизел. Скоро дупло!

 

ПРОСЕЧНА ПЛАТА:    2022-ра  –  277,5 литри дизел

                                          2026-та  – 500 литри дизел . Скоро дупло!

 

Што повеќе да се каже околу перформансот на владата на СДС и на владата на ВМРО-ДПМНЕ?

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди, со силни институции, транспарентност и одговорност

Следно

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Latest from Blog

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза

Драконски казни во САД: Осуммина се осудени на 450 години затвор за обид за убиство полицаец на протести

Поранешен резервист од американскиот морнарички корпус осуден е за обид за убиство на полицаец на 100 години затвор. Другите ќе отслужуваат казни од 30 до 70 години, според Министерството за правда. Минатата година,

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, а иселувањето на младите продолжува да го менува ликот на државата. Националната развојна стратегија 2024-2044 предупредува дека раселувањето, стареењето на населението и концентрацијата на жители

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за
Go toTop