Screenshot

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

March 22, 2026
1 min read

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава.

Според него, новите услови овозможуваат далеку поквалитетна работа со младите категории – современи терени, подобра организација и значително подобрени услови за престој и тренинг, што е неколку нивоа над претходните решенија.

„Децата конечно имаат можност да тренираат како вистински професионалци, без губење време и со многу повеќе активности и подобра организација“, истакна Омерагиќ.

 

Тој посочи дека разликата е очигледна и во финансиски аспект, при што претходно се издвојувале околу 400.000 евра за послаби услови, додека сега со околу 200.000 евра се обезбедуваат повеќе кампови и значително поквалитетна услуга.

Омерагиќ нагласи дека ваквите вложувања не се мотивирани од профит, туку од желбата да се помогне во развојот на младите таленти и да се создадат подобри услови за нивниот напредок.

„Ова е вистински пример како треба да се инвестира во иднината – во децата и во спортската инфраструктура, наместо во краткорочни интереси“, додаде тој.

Според него, ваквите проекти треба да бидат поттик и за други, со цел поголеми инвестиции во квалитетни спортски центри и создавање подобра иднина за македонскиот фудбал.

Видеото може да го повледнете тука

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рома минимално го порази Лече

Следно

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop