Чавушоглу: „Туркије ги виде големата солидарност и великодушност на меѓународната заедница по разорните земјотреси“

March 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије доби огромна солидарност и великодушност од меѓународната заедница по големите земјотреси минатиот месец, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Анадолу.

„Ги видовме огромната солидарност и великодушност на меѓународната заедница. Спасувачките тимови од целиот свет се изложија на ризик да ги спасат жртвите.“

„Ние сме благодарни. Никогаш нема да заборавиме на помошта на нашите пријатели“, рече Чавушоглу на Меѓународната донаторска конференција во Брисел.

Конференцијата е организирана од Европската комисија и шведското претседателство со Советот на Европската Унија за поддршка на жртвите погодени од разорните земјотреси на 6 февруари во Јужна Туркије.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа – и однесоа животи на повеќе од 50.000 луѓе.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.

Туркије сега преминува во фаза на закрепнување и реконструкција, рече Чавушоглу, додавајќи: „Зголемувањето на отпорноста на катастрофи е само една цел.“

„Задоволувањето на потребите на оние во ранливи ситуации ќе биде приоритет“, вети тој.

„Земјотресите погодија 1,7 милиони сириски бегалци и мигранти што живеат во нашите 11 области. Тие, исто така, ќе имаат корист од овие напори на инклузивен начин“, нагласи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Туркије никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност покажана по земјотресите“

Следно

Градилиште зад Универзална сала „проголта“ дел од улицата „9 мај“

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop