Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

March 21, 2026
1 min read

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во емисијата Стадион на Канал 77.

Тој најави дека државата вложува стотици милиони евра во патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10, со јасна цел – задржување на стратешката позиција на државата на европската транспортна мапа.

„Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори“, истакна Николоски.

 него, Коридорот 10 во моментов е „економски најисплатлив“ и најфреквентен транспортен правец во регионот, но предупреди дека неговата предност може да се изгуби доколку не се заврши навреме.

„Ако не се изгради Коридорот 10 целосно, ќе возат и 600 километри плус затоа што ќе немаат избор“, рече Николоски, посочувајќи дека алтернативниот Коридор 4 е значително подолг и поскап за превозниците.

Како пример ја наведе ситуацијата со протестите на превозниците, кога дел од транзитот бил пренасочен, при што компаниите увиделе дека трошоците растат поради подолгата рута.

Паралелно, Владата интензивно работи и на Коридорот 8, особено на железничката врска кон Бугарија.

„Делницата Куманово – Бељаковце е веќе во функција, а Бељаковце – Крива Паланка се гради со добра динамика. Очекуваме наскоро да се објави повик за третата делница“, посочи Николоски, додавајќи дека од доцна лето или рана есен се очекуваат активности и на терен.

За првпат беа откриени и конкретни планови за западниот дел од коридорот, кој треба да го поврзе Скопје со Охрид и Албанија.

„Првата фаза е рехабилитација на правецот Скопје–Јегуновце–Тетово–Гостивар–Кичево, а втората е изградба на железница Кичево–Охрид–Струга–граница со Албанија“, рече Николоски.

Тој најави и средба со претставници на Европска унија на 22 април во Скопје, при што овие проекти ќе бидат дел од поширокиот План за раст.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

LAMM: Deri në 40 minuta pritje në vendkalimin kufitar Tabanocë

Следно

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Latest from Blog

Нова драма: Иран бара посебни гаранции за да игра на Мундијалот!

фото: Megatron (X) Нова драма околу учеството на селекцијата на Иран на претстојниот Мундијал. Имено претседателот на Иранската фудбалска федерација (ФФИ), Мехди Таи, ја повика ФИФА да даде гаранции дека нивната делегација

Димитриеска-Кочоска: Силна поддршка од Словачка за македонските реформи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари тет-а-тет средба со својот словачки колега Ладислав Каменицки, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. На средбата, како што

Проданоски: Посетата на шведскиот амбасадор Ола Сулстром e потврда за довербата во прилепските еколошки проекти

Денеска во Прилеп беше реализирана посета на фабриката за селекција на отпад кај Алинци, во која учествуваа амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, претставници од амбасадата, шведската асоцијација SALAR и работната група
Go toTop