Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

March 20, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот ИНАЛКО.

На средбата со Жан-Франсоа Хуше, претседателот на оваа реномирана јавна установа од научен, културен и стручен карактер, а којашто е под надзор на француското Министерство за високо образование, истражување и иновации, претседателот Пендаровски беше запознат со историјатот на ИНАЛКО кој е создаден во 1795 година, како наследник на Училиштето за oриентални јазици основано во 1669 година, како и за основните и применети специјализирани истражувања на Институтот и неговиот придонес како место за средба на светските култури и промоција на културната различност.

Соговорниците разменија мислења за иднината и позицијата од научна и стратешка перспектива на малите јазици, каде што спаѓа и македонскиот јазик и разговараа за пристапот на ИНАЛКО кој овозможува збогатена академска и културна размена и соработка меѓу Северна Македонија и Франција.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од петдецениското опстојување и функционирање на Лекторатот по македонски јазик во рамките на ИНАЛКО, истакна дека е исклучително важно што македонските студии се прифатени во категоријата ретка научна дисциплина, која обезбедува стабилност во истражувањата и гарантира признавање, заштита и зачувување на македонистиката во ИНАЛКО, со неможност да се спои со други студии.

На средбата со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО. Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот ИНАЛКО, лектори и студенти, претседателот Пендаровски беше информиран за работата на првата професорска катедра по македонистика, основана надвор од нашата држава, како и за големиот јубилеј – половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик и иницијативите за продлабочување на соработката и вложување во развојот на македонистиката во Франција.

Професорите информираа за непрекинатата 50-годишна работа на Лекторатот по македонски јазик, за соработката со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и за зголемениот интерес за македонистиката на ИНАЛКО. За време на посетата на ИНАЛКО, претседателот Пендаровски се сретна и со професори, слависти, македонисти и студенти, кои ги споделија нивните впечатоци и искуства. Студентите се од цел свет, Конго, Грција, Албанија, Франција, но сите со една желба да го научат македонскиот јазик.

Посетата на претседателот Пендаровски на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз претставува прва посета на македонски претседател на овој значаен Институт кој спроведува истражувачки проекти во повеќе од сто земји и остварува заедничка обука со странски универзитети и е референтен институт за обука и истражување на денешните јазици и цивилизации.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Париз, Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и 30-годишнината од македонското членство во УНЕСКО, кадешто утре ќе се одржи меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов, поетски перформанс и изложба.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

За српската опозиција договорот од Охрид е предавсто и измама на граѓаните

Следно

Македонските фудбалери ги започнаа подготовките за Анталија Куп 2023

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop