Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење во вторник на владина седница, а потоа во собраниска процедура

March 19, 2026
1 min read

 Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде процесиран. Немаме ниту една отворена точка која не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, ги анализиравме сите забелешки и од научна гледна точка и од економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект и со задоволство може да кажам дека сите отворени прашања се затворени, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Посочи дека нема прашање кое не е третирано, а е поврзано со законот.

-Ценам дека многу брзо нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот. Се надевам дека за две три години ќе имаме прес-конференција за намалување на бројот на пушачи во државата од над 45 проценти, да се надеваме таргетот да се стави под 20 проценти, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која беа презентирани податоци од глобалниот извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.

Направивме, појасни министерот, научна анализа како може и кои се минималните и максималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор во кој не се дозволува пушење.

-Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, терасите може да бидат места каде може да се пуши. Само во Скопје има над седум илјади угостители кои имаат тераси. Во Скопје голем број угостителски објекти се со таква инфраструктура што невозможно е да имаат три отворени страни. Затоа ставивме во законот да може и покривот да биде отворен, бидејќи се докажа дека со третирање и на покривот како една од страните која може да биде отворена воздухот се чисти за неколку секунди. Еден од најголемите инфраструктурни зафати кои треба да ги имаат сите угостители според закон, е што ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект кој е одвоен од просторот каде што се пуши. Идејата е да се заштитат граѓаните кои не пушат, а да се одреди место каде може да се пуши, додаде Алиу.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тајната на евтиниот шопинг стигнува во Македонија – Pepco отвара продавници во Скопје

Следно

Извршени смртните казни за тројца Иранци, учесници во неодамнешните протести во Техеран

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето
Go toTop