Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

March 18, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија.

На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна дека членството во Европска Унија останува наш стратешки приоритет, и покрај блокадата на процесот.

Сиљановска-Давкова потенцираше дека пристапниот процес треба да е заснован на заслуги, врз основа на исполнување на Копенхашките критериуми, со почитување на темелните европски документи, без билатерални условувања.

За неа, блокадата претставува сериозен проблем и опасен преседан што може да биде (зло)употребен и во други случаи, загрозувајќи го не само проширувањето, туку и безбедноста.

Потсетувајќи дека нашата држава е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, претседателката истакна дека во време на сложени геополитички предизвици, најдобар начин за зајакнување на отпорноста кон трети страни е интеграцијата на земјите од регионот на Западниот Балкан во Унијата.

За гостинката, ЕУ е природен политички дом на земјите од Западниот Балкан, со оглед на нивната географска, историска и културна припадност на истиот.

Соговорничките се согласија и ја потврдија важноста од натамошна соработка и ангажман на членките на ЕУ, вклучувајќи ја и Словачка, заради надминување на опструкцијата на македонското придружување кон ЕУ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Следно

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop