Флик најавува пензија, Барселона ќе биде неговиот последен ангажман

March 18, 2026
1 min read

Германскиот стручњак Ханси Флик треба да го продолжи договорот до 2028 година, а Жоан Лапорта го сака во Барса до 2031 година. Колку и да трае неговиот мандат во Каталонија, поранешниот тренер на Баерн планира да заврши со тренерската работа по него.
Тој дојде како човек од кого не знаевте што да очекувате, и стана еден од најдобрите избори на Барселона за тренер од времето на Луис Енрике. Ханси Флик е сè што му требаше на Барса. Освојува трофеи, игра атрактивно…

Сето ова доведе до тоа клубот да му даде нов договор кој ќе трае до 2028 година, претходниот беше закажан до 2027 година. Ова не е ништо ново, Флик е тренер кој секогаш избира краткорочни договори, но ново е што, според него, неговиот ангажман со Барса ќе биде последен во неговата кариера.

„Ми се допаѓа да работам тука, но ја ценам и мојата слобода. Имам одлично семејство и голема поддршка од нивна страна. Ова е фудбал и се обидувам да дадам се од себе. Не размислувам да работам некаде на друго место по Барселона. Ова ќе биде мојата последна работа во кариерата“, рече Флик на прес-конференцијата пред реваншот од осминафиналето против Њукасл.

Тренерот на гигантите од Каталонија рече дека во моментов не сака да се меша во лични работи во натпревар кој би можел да му донесе на тимот место меѓу првите осум.

„Не е време да зборуваме за договорот. Ова е важен натпревар за клубот и нашата иднина. Среќен сум тука, но морам да разговарам со моето семејство. Има време.“

Само Ханси знае колку долго ќе биде вклучен во тренерската работа. Големата желба на Лапорта е да биде таму во следните пет години, колку што е мандатот на претседателот на Барса. Тој игра на картата на добриот однос со германскиот тренер, но и фактот дека Флик ужива во Барселона како град. Навивачите го сакаат, и играчите исто така. Сепак, Флик веќе има 61 година. Веројатно чувствуваше одредена ситост. Сепак, дури и да стави крај на својата тренерска кариера денес, ќе имаше со што да биде горд.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

Следно

Берзата со промет од 19,36 милиони денари: ТТК банка и НЛБ во плус, Алкалоид во пад

Latest from Blog

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на

Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред

Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како
Go toTop