Божиновска – Милер: Заедничка заложба за енергетска и општествена транзиција со фокус на младите

March 18, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари официјална средба со Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

На средбата беа разгледани можностите за унапредување на меѓусекторската соработка со цел креирање политики што директно придонесуваат за подобрување на благосостојбата на децата и младите, особено во контекст на енергетската транзиција, климатските предизвици и намалувањето на енергетската сиромаштија.

Министерката Божиновска истакна дека Министерството е посветено на развој на инклузивни и одржливи политики, при што особено внимание се посветува на ранливите категории граѓани, вклучително и децата, како и на обезбедување пристап до сигурна, достапна и чиста енергија за сите домаќинства.

„Енергетските политики не се само економско прашање – тие имаат директно влијание врз квалитетот на живот, здравјето и иднината на децата. Затоа, нашата заложба е да градиме систем што ќе биде праведен и одржлив за сите генерации“, истакна Божиновска.

Претставничката на UNICEF, Милер, ја поздрави посветеноста на институциите кон градење политики базирани на правата на децата и ја нагласи важноста од интегрирање на детската перспектива во сите јавни политики, вклучително и во секторите кои традиционално не се директно поврзани со детската заштита, како што е енергетиката.

На средбата се разговараше и за потенцијални заеднички иницијативи во делот на едукација, подигнување на јавната свест и вклучување на младите во процесите на креирање политики, како и за поддршка на програми што придонесуваат за одржлива и зелена иднина.Претставниците на УНИЦЕФ ги презентираа своите активности во областа на стручното образование и обука, вклучително менторство на наставен кадар и спроведување обуки за ученици од средно образование. Во таа насока, беше потенцирана важноста од заеднички активности насочени кон подигнување на свеста кај младите за теми како што се чист амбиентален воздух, енергетска ефикасност и одржливи практики.

Дополнително, беше разгледана можноста за вклучување на УНИЦЕФ во постоечките активности на Министерството, особено во делот на практична настава и ангажман на студенти.

Соговорничките изразија подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период, со заедничка цел – создавање подобри услови за развој, еднакви можности и посигурна иднина за секое дете.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Градоначалникот Проданоски се приклучи на крводарителската акција во Прилеп

Следно

Комерцијална банка со најголем промет – МБИ10 со благ пад од 0,08%

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop