Јаулевски : Изборот на обвинител е тест за враќање на довербата во правосудството

March 18, 2026
1 min read

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулевски, денеска во Собранието порача дека изборот на нов државен јавен обвинител претставува клучен момент за иднината на правосудниот систем во Македонија.

Во своето обраќање, Јаулевски нагласи дека ова е тест дали институциите конечно ќе се ослободат од политички влијанија и ќе ја вратат довербата кај граѓаните. Тој оцени дека Јавното обвинителство со години не ја исполнувало својата улога, додавајќи дека наместо симбол на правичност, често било перципирано како инструмент за селективна правда и политички притисоци.

Јаулевски упати остри критики кон претходните власти, посочувајќи дека, како што рече, одредени структури во СДСМ и ДУИ придонеле за нарушување на интегритетот на обвинителството преку политички влијанија и злоупотреби.

 

Тој нагласи дека граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не декларативни заложби, и дека довербата може да се врати само преку доследно почитување на законите и еднаков третман за сите.

Посебен осврт направи и на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кое според него наместо да донесе правда, се претворило во „срамно разочарување“ и симбол на изневерена доверба.

Јаулевски истакна дека институциите имаат должност да се справат со последиците од работата на СЈО. Тој објасни дека тоа е важен чекор за да се покаже границата меѓу правото и злоупотребата на правото, дури и кога злоупотребата ја прави сам обвинител. Според него, целта е да се затвори едно лошо поглавје не со молчење, туку со ефикасно делување на институциите.

Во обраќањето до кандидатот за нов обвинител, Ненад Савески, Јаулевски истакна дека пред него стои сериозна обврска да го врати интегритетот на институцијата и да покаже дека обвинителството ќе постапува исклучиво по закон и докази.
„Ова не е расправа за биографија, процедура и број на гласови. Ова е расправа за довербата во обвинителството како една од главните институции за владеењето на правото. Ова е можеби последната шанса системот да излезе од кризата во која се наоѓа со години. Ова треба да биде почеток на обнова, а не продолжување на старите практики“, порача Јаулевски.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Binance го проширува 24/7 моделот на тргување и кон традиционалните финансиски пазари

Следно

Коњановски: Силна соработка меѓу општините за подобри комунални услуги

Latest from Blog

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот
Go toTop