Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

March 17, 2026
1 min read

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на пристапување на земјава. Ова го бара известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, преточено во амандман на предлог-резолуција за земјава изготвена токму од него, откако бугарските европратеници, во амандманите кои ги доставија на нацрт-извештајот, освен уставните измени и Протоколот го посочуваат како обврска за земјава за старт на преговорите.

„Потсетува дека процесот на пристапување кон ЕУ зависи од исполнување на условите наведени во Преговарачката рамки на ЕУ, негување на добрососедски односи и почитување на билатералните и меѓународните договори, во согласност со Копенхашките критериуми и сопствените заслуги на земјата, вклучително и целосното спроведување во добра намера на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и неговите протоколи и Преспанскиот Договор со Грција“, гласи амандаманот на Ковачев.

Бугарските европратеници со 100 поднесени амандманите од вкупно 400, бараат и одржувања на трета меѓувладина конференција меѓу Скопје и Софија за спроведување на Договорот за добрососедство и Протколот, Историската комисија да постигне јасни и мерливи резултати при и се даваат и насоки кави треба да бидат тие, а за Акцискиот план за малцинствата наведуваат дека според претставниците на одредени заедници во земјата, без конкретно да ја споменат бугарската заедница, тој не гарантира доволно ефикасна заштита од дискриминација и насилство, не обезбедува функционални механизми за борба против говорот на омраза, не се справува соодветно со наводните систематски прекршувања на правата и нема ефективни законски мерки. Бугарските европратеници се гласни и во поглед на почитување на јазичните права на малцинствата во Македонија иако директно не го споменуваат прашањето на македонскиот јазик.

Вајц во нацрт-резолуцијата, иако направи обид да не ги засегне идетитетот и јазикот, сепак ги враќа како тема во амандманите, наведувајќи дека тие по својата природа се чувствителни, особено во контексти што вклучуваат сложени историски наративи и новосоздадени независни држави.

„Го признава постоењето на различни толкувања во врска со потеклото на македонскиот јазик и идентитетот; Нагласува дека неговиот извештај нема за цел да го прејудицира или ограничи научниот дискурс за овие прашања, ниту пак таквите толкувања да влијаат врз проценката на Парламентот за напредокот на Северна Македонија кон пристапувањето во ЕУ, која останува заснована на критериумите од Копенхаген и принципите на добрососедски односи и е во согласност со критериумите договорени во Заклучоците на Советот од јули 2022 година“, наведува Вајц во амандманот.

Вајц бара европските институции да бидат поактивни за деблокада на пристапниот пат на земјава и бара воведување на делумно квалификувано мнозинство за отворање и затворање на поглавјата, наместо едногласноста на земјите-членки. Дел од европратениците пак не се согласуваат со барањето на Вајц за постепена интеграција на земјава во ЕУ, во што е можно повеќе области, туку бараат стриктно исполнување на сите услови за земјава да напредува процесот.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невиден преседан: Мароко е нов шампион на КАН, одземена титулата на Сенегал

Следно

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за

Општина Битола: Нови 1.550 квадратни метри паркинг простор за граѓаните

Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните. Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата

Министерство за финансии: Буџетските приходи над 204 милијарди денари, раст од 9,3% за седум месеци

5 август 2026, Скопје – Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното.

БЕЗБЕДНОСЕН АЛАРМ ВО СЕУТА – Меѓу новодојдените мигранти идентификувани лица поврзани со џихадизам

Шпанските безбедносни служби идентификувале неколку лица меѓу мигрантите кои минатата недела масовно влегоа во енклавата Сеута, а кои претходно биле предмет на истраги за кривични дела поврзани со џихадизам, објавија шпанските медиуми
Go toTop