Муцунски: Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа

March 14, 2026
1 min read

Во деновите кога одбележуваме една година од трагичниот пожар во Кочани, утрово се обратив на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по пожарот. Истакнав дека трагедијата нè потсети колку брзо може да се промени сѐ и колку е важно во најтешките моменти да стоиме заедно, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во обраќањето нагласив дека во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа. Упатив искрена благодарност до владите, амбасадите, институциите и народите на пријателските земји кои без двоумење ја подадоа раката, но и до докторите и медицинските тимови. Зад сите дипломатски напори и изрази на поддршка стоеја токму тие – луѓето кои со своето знаење, искуство и пожртвуваност спасуваа човечки животи. Нагласив и дека пријателството во вакви моменти има посебна тежина. Тогаш најдобро се гледа кој е вистински пријател. Кочани ќе ја памети трагедијата, но нашата држава ќе памети и нешто друго – дека кога дојде темнината, нашите луѓе застанаа заедно, а пријателите застанаа покрај нас, истакна Муцунски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денот на пожарот во Кочани беше најтежок ден во мојот живот како човек, не само како премиер, кажа Мицкоски на одбележувањето на годишнината од трагедијата

Следно

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop