САД: Ги бараме овие 10 луѓе и за нив нудиме 10 милиони долари

March 13, 2026
1 min read

Понудата беше објавена преку програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот, во време на американско-израелска воена кампања против Иран, по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери.

Барани информации за клучни функционери

Во соопштението се наведува дека се бараат информации за Хамнеи, неговиот заменик-началник на кабинетот Али Асгар Хеџази, воениот советник генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, советникот Али Лариџани, министерот за внатрешни работи бригаден генерал Ескандар Момени и министерот за разузнавање и безбедност Есмаил Хатиб.

САД бараат информации и за четворица неименувани функционери на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) чии фотографии не се објавени – секретарот на Советот за одбрана, советникот на врховниот лидер, началникот на воената канцеларија во канцеларијата на врховниот лидер и командантот на ИРГЦ.

Обвинувања за тероризам

„Овие луѓе командуваат и управуваат со различни делови од Револуционерната гарда, која планира, организира и спроведува тероризам низ целиот свет“, се вели во соопштението.

Исто така, се наведува дека од нејзиното основање во 1979 година, Револуционерната гарда имала значајна улога во спроведувањето на надворешната политика на Иран. „Таа група денес контролира големи делови од економијата на Иран и има силно влијание врз внатрешната политика на земјата.“

Во објавата за наградата на платформата X, Стејт департментот додава дека информаторите, покрај паричната награда, би можеле да го остварат правото на преселување.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновска за КУРИР открива: Што содржат 10-те тони МНОГУ ОПАСЕН хемиски отпад и како е спречена хаварија во Македонија?

Следно

Qeveria planifikon ndryshime në tetë ligje për shkak të dhunës ndaj grave

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop