Screenshot

Еволуција на желбата: Како Diners го предвиде e-commerce трендот уште пред 76 години

March 13, 2026
1 min read

Diners Club не измисли само инструмент за плаќање; тие ја измислија „невидливата трансакција“. Денешниот „Buy Now, Pay Later“ концепт, кој е столбот на модерната дигитална економија, е всушност наследство старо 76 години.

Њујорк, 1950 година. Ресторанот „Major’s Cabin Grill“ е полн, чашите се судираат, а Френк Мекнамара тукушто ја завршува својата вечера. Но, во моментот кога треба да ја плати сметката, се соочува со онаа непријатна социјална тишина, неговиот паричник е во друг костум. Таа вечер, наместо со готовина, Френк плаќа со ветување и својот потпис на обично парче хартија.

Тоа не беше само излез од непријатна ситуација; тоа беше моментот кога економската архитектура на светот засекогаш се промени. Со тој потпис, Мекнамара ја лансираше идејата на Diners Club и, без да знае, го постави првиот „код“ на она што денес го нарекуваме „Купи сега, плати подоцна“ или „Buy Now, Pay Later“

Повеќе од картичка: филозофија на довербата

Денес, додека лизгаме по екраните на нашите телефони и ги полниме дигиталните кошнички, често го користиме терминот „Buy Now, Pay Later“ како врвна иновација на модерното време. Но, вистината е дека овој концепт е дел од ДНК-то на Diners Club веќе седум децении. Како прва картичка во светот, Diners Club практично ја измисли „невидливата“ трансакција, онаа што денес е стандард во секој е-commerce „checkout“.

Додека денешните алгоритми се трудат да ја предвидат корисничката желба, Diners уште во минатиот век постави стандард дека купувањето не треба да биде ограничено од моментот, туку дефинирано од вредноста.

Светот на е-трговијата му должи многу на овој пионерски потфат, бидејќи токму Diners ја изгради првата глобална мрежа на доверба меѓу трговецот и купувачот. Доверба дека желбата не мора да чека, а вредноста на една трансакција е многу поголема од моменталната состојба во џебот.

Дигиталниот клик како еволуција на потписот

На годинешните E-commerce Awards, присуството на Diners Club не беше само поддршка на индустријата, туку враќање на корените. Во свет каде алгоритмите се обидуваат да ги предвидат нашите потреби, приказната на Diners нè потсетува дека технологијата е само алатка, но слободата е она што нè движи напред.

Во духот на оваа долгогодишна традиција на доверба, Diners Club реши да ја сподели својата „Advantage“ визија и со самите гости на доделувањето. Преку интерактивниот Glam Corner, кој ја пренесе холивудската атмосфера во срцето на е-commerce заедницата, тројца среќни присутни беа наградени со Diners Advantage картички со износ од 10.000 денари. Овој гест беше симболичен потсетник дека секоја голема приказна започнува со една мала предност и вистинскиот избор во вистинско време.

Како што Мекнамара го промени начинот на кој вечераме, така денес Diners Club го редефинира начинот на кој ја доживуваме е-трговијата, како софистицирано искуство каде технологијата е во служба на личната слобода.

…

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели

Следно

Макпетрол и Комерцијална банка ја водеа ликвидноста – МБИ10 со раст од 0,10%

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop