Божиновска: Поголемо учество на жените води кон поотпорни и иновативни енергетски системи

March 12, 2026
2 mins read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins Running at Half Capacity: The Economic Power of Gender Equality“. Настанот се одржа во хибриден формат во седиштето на ЕБРД, а го отвори претседателката на банката, Одил Рено-Басо.

На почетокот на настанот беше истакната економската реалност која го води развојот – економиите не можат да остварат свој полн потенцијал ако половина од популацијата е ограничена во можностите за учество.

Претседателката на ЕБРД, Одил Рено-Басо, нагласи дека родовите јазови директно влијаат врз продуктивноста, отпорноста и иновацискиот капацитет на економиите.

Во своето обраќање, министерката Божиновска го поврза значењето на родовата еднаквост со зелената енергетска транзиција:

„Северна Македонија се движи кон амбициозна трансформација на енергетскиот сектор – со проширување на капацитетот за соларна и ветерна енергија, модернизација на системот и создавање почист и поотпорен енергетски систем. Но, оваа транзиција мора да биде праведна и инклузивна. Жените имаат клучна улога во обликувањето на оваа трансформација. Поголемо учество на жените во енергетскиот сектор – од инженери и претприемачи до политичари и извршни лидери – ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции.“ истакна Божиновска во обраќањето.

Министерката нагласи дека промоцијата на жените во енергетскиот сектор не е само прашање на еднаквост, туку стратегиска потреба за успехот на зелената транзиција. Тоа значи повеќе жени во технички професии, повеќе жени што водат проекти за обновлива енергија и повеќе жени што обликуваат национална енергетска политика.

Министерката Божиновска се осврна и на успешниот пример од своето Министерство:

„Горда сум што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е веројатно една од ретките институции во земјата каде што жените се мнозинство меѓу вработените – 78 жени наспроти 69 мажи. Во сектор кој традиционално се смета за „машки“, ова е доказ дека жените се подготвени и способни да водат.“

Таа ги истакна и конкретните резултати од обуките за праведна транзиција што ги спроведе ЕБРД во земјава каде од 620 учесници, 222 беа жени – силен показател дека жените се повеќе присутни во работната сила за енергетската транзиција.

На прашањето како институциите можат да поддржат повеќе жени лидери, министерката одговори:

„Прво, создавајте реални патеки, не симболични можности. Второ, инвестирајте во жените од рана возраст, особено во STEM образование и технички кариери. И трето – финансирајте проекти водени од жени. Кога жените водат проекти, тие не само што испорачуваат резултати, туку отвораат врата за многу други да следат.“

Министерката истакна дека партнерството со меѓународни институции како ЕБРД е клучно за унапредување на инклузивни климатски инвестиции:

„ Нашата нова Стратегија за родова еднаквост и човечки капитал се фокусира на области каде овие јазови се највидливи и каде акцијата може да донесе промена: зелената транзиција, дигиталната економија и прашања на глас и влијание.“

Министерката подвлече дека енергетската транзиција може да достигне својот полн потенцијал само ако е инклузивна и ако жените се лидери во процесот на зелена промена:

„Ако сакаме успешна и одржлива енергетска транзиција, мора да осигуриме дека жените не само што учествуваат во секторот, туку и помагаат да се води и обликува неговата иднина.“

Министерката Божиновска порача дека инвестицијата во жените не е само прашање на правичност, туку и стратегиска потреба за иднината на енергетскиот сектор: кога жените водат, тие отвораат пат за многу други, а целата економија напредува.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Програмата за самодоверба на Schwarzkopf Gliss ги оснажува жените трета година по ред – Силни жени за силен свет

Следно

Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop