Најдени се предмети кај судијата Ѓоко Ристов кои не ги чепкал до истекување на роковите?

March 11, 2026
1 min read

Судскиот совет има сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Дел од предметите ги чувал во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон.

Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, околностите упатуваат на тоа дека станува збор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра заѕидани во кујна, по што против него е отворена истрага.

Работна група на Судскиот совет при вонреден увид утврдила пречекорување на законските рокови, неоправдани одложувања на јавни седници и ситуации во кои обвинетите подолго останувале во куќен притвор поради одложувања на постапките. Во еден случај, објавувањето на пресудата било одложено за 62 дена по завршувањето на расправата, што претставува прекршување на Законот за кривичната постапка.

Во извештајот беше посочен и предметот „Спец каса“, кој бил пред Апелациониот суд речиси година и пол. За тој период биле закажани 16 јавни расправи, а на крајот настапила апсолутна застареност на 30 декември 2025 година. Во друг предмет застарувањето е избегнато единствено поради итното постапување на Врховниот суд.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Валверде:“Неверојатно! Секогаш сонуваш за вакво нешто!“

Следно

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop