Блинкен им честита на Вучиќ и Курти за нивното лидерство во постигнувањето согласност за имплементација на европскиот предлог

March 20, 2023
2 mins read

„Соединетите Држави ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во координација со партнерите од ЕУ, да ги поддржуваат Косово и Србија во остварувањето предвидливи и мирни односи. Ќе продолжиме да го поддржуваме унапредувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“, вели Блинкен во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на американскиот Стејт департмент

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен преку соопштение го поздрави напредокот што Косово и Србија го постигнаа со посредство на Европската Унија за имплементација на Договорот од 27 февруари за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

blinken
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен/Фото: Архива

Во соопштението, објавено на официјалната интернет-страница на Стејт департментот, Блинкен им честита на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, за нивното лидерство во постигнувањето на согласност за имплементација на Договорот.

Исполнувањето на обврските од страна на Косово и Србија од основниот договор како дел од одржливата заложба за помирување ќе обезбеди значителни можности за луѓето луѓето од двете земји и ќе го забрза нивниот пат кон членство во Европската Унија.

„Соединетите Држави ќе продолжат да бидат активно ангажирани, во координација со партнерите од ЕУ, да ги поддржуваат Косово и Србија во остварувањето на предвидливи и мирни односи. Ќе продолжиме да го поддржуваме унапредувањето на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“,

вели Блинкен.

На крајот од соопштението тој изразува благодарност до Европската Унија за посредничката улога и на Владата на Северна Македонија, која беше домаќин на средбата и за поддршката за финализирање на овој договор.

Српскиот претседател и премиерот на Косово во саботата во Охрид се договорија за анексот за имплементација на европскиот предлог за нормализација на односите. Во преговорите, кои траеја повеќе од десет, часа како набљудувач присуствуваше специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Европската Унија соопшти дека двете страни на средбата во Охрид формално не го потпишале договорот, туку се договориле да го спроведат. На 27 февруари Косово и Србија постигнаа согласност за европскиот предлог за нормализација на односите.

Во овој предлог, кој се состои од 11 члена, конкретно не се споменува меѓусебно признавање. Сепак, документот бара од двете земји да ги прифаќаат документите и симболите меѓусебно, вклучувајќи пасоши, дипломи и регистарски таблички.

Во европскиот предлог од двете страни се бара да ги спроведат сите досега постигнати договори во дијалогот за нормализација на односите, вклучително и оној за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, што досега наидуваше на несогласување од страна на владата во Приштина со образложение дека може да ја загрози функционалноста на државата.

Косовскиот премиер Абин Курти по рундата на дијалогот во Охрид, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе дозволи формирање Заедница на општини со српско мнозинство, рече дека станува збор за „адекватно ниво на самоуправување на српската заедница“, а „не за самоуправа“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека формирањето на Заедницата е „приоритетна обврска“.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, по повеќечасовните преговори во Охрид во обраќање до јавноста, рече дека Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е постигнат на 27 февруари, а во Охрид се разговарало и договарало како тој да се спроведе.

 „Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече Борел.

Дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ и поддршка на САД, започна во 2011 година. Овој процес има за цел да ги доведе страните кон целосна нормализација на односите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈП Водовод и канализација: Отплата на долгови без камата до 31 март

Следно

Путин и Џинпинг ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop