Коњановски: Битола никогаш нема да ги заборави своите сограѓани Евреи

March 10, 2026
1 min read

Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски се обрати на комеморативната средба која што се одржа во салата на Советот на Општина Битола, а на која меѓу другите присутни беа и заменик министрите за европски прашања и финансии од Владата на Македонија, пратеници од Собранието, советници, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, претседателот на Фондот за холокаустот на евреите од Македонија, претставници од Амбасадата на Израел, амбасадорката на Германија во Македонија и потомци на Евреите од Битола.

„Денес сме заедно во Битола, град кој се сеќaва и оддава почит на 3300 наши сограѓани, еснафи, млекари, занаетчии, сите оние кои ги споделувале битолските улици со жителите на градот.
Тажни сме за настаните од минатото, нивната депортација и велиме никогаш да не се повторат тие мрачни моменти на кои денеска се потсетуваме. Ова е незаборав за се она што било заедничко живеење во овој град, град на мултикултурата.
Уште една опомена до сите нас дека соживотот нема цена, дека пријателството, заедништвото, мирот и соработката се атрибутите кои треба да ги почитуваме секојдневно. Вечна им слава“, рече Коњановски во своето обраќање.

 

 

Потоа бројни делегации положија свежо цвеќе на Споменикот Камена Менора и споменикот на Естреја Овадија Мара во дворот на Здравствениот дом „ Хаим Абраванел“ во Битола.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Алкалоид најтргувана, НЛБ и Комерцијална банка со висока активност – МБИ10 со пад од 0,18%

Следно

Еве зошто Мбапе ќе патува во САД и покрај повредата!

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop