Бортников: Во Русија спречени атентати врз високи функционери и воени команданти

March 10, 2026
1 min read

Во Русија неодамна беа спречени повеќе обиди за атентати врз високи државни функционери и припадници на командниот кадар на Оружените сили и на Руската национална гарда, изјави директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и претседател на Националниот антитерористички комитет Александар Бортников.

Тој нагласи дека само во последниот период била спречена „цела низа терористички напади од висок профил“, меѓу кои и обиди за убиства на високи владини претставници и командниот состав на вооружените сили.

Според Бортников, во текот на 2025 година биле разбиени 79 терористички ќелии, приведени повеќе од 2.500 припадници на вооружени групи и нивни соучесници, додека 27 милитанти биле ликвидирани при вооружен отпор.

Тој додаде дека биле спречени и експлозии со импровизирани експлозивни направи, како и пукања во јавниот превоз во периоди на голема фреквенција на патници. Спречено било и минирање на една повеќекатница.

Бортников истакна дека информациите објавени во Меѓународната база на податоци за борба против тероризмот, создадена под покровителство на Националниот антитерористички комитет, им помогнале на руските партнери да откријат и приведат повеќе од сто странски терористи и нивни соучесници.

Според него, базата ја користат 74 разузнавачки и безбедносни служби од 55 држави во Европа, Азија, Африка и Латинска Америка, како и девет меѓународни организации.

Бортников додаде дека искуството на Русија во борбата против тероризмот е барано не само во рамките на Заедницата на независни држави (ЗНД) и Шангајската организација за соработка, туку и во Советот за безбедност на Обединетите нации. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година

Следно

Тоневски: Пробиштип дел од приоритетните проекти за развој на Источниот регион

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop