Трамп: САД официјално ја признаа актуелната влада на Венецуела за легитимна

March 8, 2026
1 min read

Ова шефот на државата го истакна во своето обраќање пред лидерите на земјите од Латинска Америка и Карибите, собрани на самит во американската сојузна држава Флорида.

– Задоволство ми е да објавам дека оваа недела официјално ја признавме венецуелската влада. Всушност, законски ја признавме – рече Трамп пред лидерите кои се собраа за да формираат нов сојуз за безбедност во регионот.

Преодната влада на Венецуела и администрацијата на Трамп неодамна се договорија за обновување на дипломатските односи меѓу двете земји. По американската воена операција на 3 јануари, во која беше заробен и одведен во САД претседателот Николас Мадуро, за вршител на должноста претседател беше именувана потпретседателката Делси Родригез.

Венецуелската опозиција, предводена од добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо, не ја смета владата на Родригез за легитимна. Од своја страна, Вашингтон тврди дека целта на соработката со актуелните власти во Каракас е постепено да му се овозможи на венецуелскиот народ да создаде услови за мирен премин кон демократски избрана влада. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Македонија организира чартер летови за евакуација на граѓани од Дубаи, Катар и Кувајт

Следно

Mickoski: Askush nuk ka të drejtë ta shfrytëzojë një tragjedi familjare për pikë politike

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop