Screenshot

Во регионот на Барселона ќе се користи водородно возило произведено во Македонија

March 8, 2026
1 min read

Општината Sant Cugat del Vallès, во провинцијата Барселона, набавува водородно комунално возило од брендот Грин Машинс, произведено во фабриката на БРАКО во Велес.

Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација, наменето за урбано одржување со нулта емисија на штетни гасови.

,,Купувачот е град кој практично е сосед и урбано поврзан со Барселон и возилото ќе биде испорачано во април. Нашата следна цел е македонските електрични и водородни возила за чистење да ги видиме на улиците и на самата Барселона – туристички центар рангиран меѓу 10-те најпопуларни градови за посета во светот“, велат од Грин Машинс.

 

 

Водородни возила произведени во БРАКО, веќе се користат во Франција, Германија и Холандија, и ги чистат градовите  Амстердам, Ротердам, Утрехт, Келн и Тулуз.

Водородните возила претставуваат најнапредна форма на технологија со нулта емисија во сегментот на комуналната механизација. Тие се финансиски значително поголема инвестиција во споредба со стандардните електрични возила и обично ги избираат општини кои стратешки инвестираат во иновации и сакаат да испратат јасна порака дека нивен приоритет се одржливоста, модерниот имиџ и примената на најновите технологии за чиста енергија.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка доминираше во прометот – февруари со 393,21 милиони денари и 1.470 трансакции (01–27.02)

Следно

Божиновска со порака за 8 Март: Ниту една жена не смее да се чувствува небезбедно

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop