Жените во енергетиката не се исклучок – тие се иднината

March 6, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес го отвори настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот на обновливите извори на енергија и енергетските заедници.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција е процес кој директно ги засега луѓето, заедниците и економскиот развој, а улогата на жените во оваа трансформација е суштинска.

„Кога зборуваме за енергетската транзиција, не зборуваме само за технологии, мегавати и инвестиции. Зборуваме за луѓе, за заедници и за можности. А токму тука, улогата на жените е незаменлива“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека и покрај напредокот, жените и натаму се недоволно застапени во енергетскиот сектор, особено на технички и раководни позиции, и дека потребни се системски чекори за промена на оваа состојба.

„Ако сакаме повеќе жени во енергетиката, мораме да дејствуваме системски – да ги охрабруваме девојчињата да избираат технички и научни професии, да создадеме програми за менторство и професионален развој и да обезбедиме фер и транспарентни можности за напредување“, порача министерката.

На настанот беше претставен и регионалниот проект „Жените во енергијата – WIN“, чија цел е зајакнување на улогата на жените во енергетиката преку обуки, вмрежување и градење знаења за нови можности во секторот, вклучително и учество во енергетски заедници и развој на проекти во обновливите извори.

Министерката Божиновска во своето обраќање упати силна порака до младите жени да бидат храбри и да не се плашат да влезат во области кои традиционално се сметале за машки.

„Енергетиката има потреба од вашата креативност, вашата визија и вашата храброст. Вие сте идните инженерки, експертки, претприемачки и лидери. Вашето време започнува токму сега“, порача министерката.

Таа нагласи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на создавање услови за поголема инклузивност во секторот, со поддршка на иницијативи кои ги охрабруваат жените активно да учествуваат во енергетската транзиција и развојот на зелената економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола продолжува со инвестиции во руралните средини – започна проект во Братиндол

Следно

Николоски: Македонија во градежна офанзива – двоцифрен раст во 2025 година

Latest from Blog

ЌЕ СЕ ТРУПА – Финска ги укинува ограничувањата за присуство на нуклеарно оружје на своја територија

Финската влада денес му предложи на својот парламент да го измени законот и кривичниот законик со цел да се отстранат законските пречки за увоз на нуклеарно оружје во Финска, како и за

Рускоска: Според фискалните на Бојан Јовановски, парите од „Рекет“ одамна се потрошени

Во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, обвинителката Вилма Рускоска изјави дека, судејќи според фискалните сметки, Бојан Јовановски најверојатно одамна ги потрошил парите поврзани со случајот „Рекет“. Таа посочи дека во текот

Рускоска: Според фискалните на Бојан Јовановски, парите од „Рекет“ одамна се потрошени

Во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, обвинителката Вилма Рускоска изјави дека, судејќи според фискалните сметки, Бојан Јовановски најверојатно одамна ги потрошил парите поврзани со случајот „Рекет“. Таа посочи дека во текот
Go toTop