Милко со промоција на EP-то „Последен ден“ на 7 март во клубот Ѕе

March 6, 2026
1 min read

Еден од најавтентичните состави на домашната независна музичка сцена, Милко, на 7 март во клубот Ѕе во ГТЦ ќе го одржи промотивниот концерт по повод своето најново EP издание, „Последен ден“. Концертот ќе биде можност публиката во живо да го чуе новиот материјал, но и повторно да се сретне со дел од песните што со години го градат препознатливиот звук и статус на бендот.

Милко се препознаваат како значаен дел од македонската алтернативна сцена – бенд што низ годините останува релевантен благодарение на студиозниот пристап, авторската доследност и внимателното градење на сопствениот музички израз. Новото EP „Последен ден“ носи четири сингла создадени во последната годинаа издадени за Шарла Рекордс, означувајќи го нивното враќање по извесна пауза. Изданието се одликува со освежен звук и нов креативен импулс, збогатен и со учеството на Хана Корнети и Јоана Ристеска.

„Последен ден“ е издание што на искрен и полетен начин го покажува зреењето на Милко, а самиот концерт е совршен повод за повторна средба во живо со бенд што и по 18 години постоење продолжува да создава релевантна и возбудлива музика. 

Настанот ќе го отвори Хана Корнети со соло настап, додека како специјален музички гостин ќе настапи и Нинослав Спировски на саксофон, музичар со препознатливо име на скопската алтернативна џез сцена и долгогодишен пријател на бендот. На концертот, покрај песните од новото EP, ќе бидат изведени и постари композиции на Милко, песни што веќе имаат свое место во меморијата на домашната инди публика.

Со оваа промоција, Милко уште еднаш потврдуваат дека се важен и жив дел од современата домашна музичка сцена, бенд чија приказна трае, се развива и останува блиска до публиката.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2. Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование. Објектот ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата секција е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри. Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари и се средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.

Следно

Gjuajti me armë ndaj gruas dhe kërcënoi vajzat e tij, ndalohet një person në Shkup

Latest from Blog

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 со минимален раст, најголем интерес за Македонијатурист Скопје

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.06.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.755,07 поени. Во

Божиновска: Со Турција градиме стабилно енергетско партнерство

Во Истанбул, во рамки на Бизнис форумот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со министерот за трговија на Република Турција Омер Болат, на која беше потврдена заедничката

Николоски: Македонија и Турција ја зацврстуваат економската соработка

Александар Николоски истакна дека Македонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство засновано на заедничка визија за економски развој и продлабочена регионална соработка. Во Истанбул, во рамки на македонско-турскиот бизнис форум, Николоски

ФИФА има сериозен проблем? Илјадници празни седишта веќе на вториот натпревар од Светското првенство

Фото: FIFA X Светското првенство штотуку започна, а ФИФА веќе се соочува со проблем што сакаше да го избегне по секоја цена. По церемонијата на отворање и првиот натпревар од турнирот, вниманието
Go toTop